Operation Manual
180 | Македонски
2 609 141 177 | (31.3.14) Bosch Power Tools
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием 6 се прикажува со сигнален
тон.
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш исклучен.
При вклучување на сигналниот тон, може да изберете помеѓу две јачини на
звукот.
– За вклучување одн. менување на сигналниот тон, притискајте на копчето
Сигнален тон 3, додека не се постигне саканата јачина на звукот. При средна
јачина на звукот, приказот за сигнален тон e трепка на екранот, при повисока
јачина на звукот приказот непрекинато свети, при исклучен сигнален тон - се
гаси.
Совети при работењето
Означување
На средишната ознака 5 од десната и левата страна на мерниот уред може да ја
означите висината на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на
полето за прием 6. Средишната ознака се наоѓа 45 мм. од горниот раб на
мерниот уред.
Израмнување со либела
Со помош на либелата 8 може вертикално да го израмните ласерскиот приемник.
Навалениот мерен уред води кон погрешно мерење.
Прицврстување со држач (види слика A)
Мерниот уред може да го прицврстите со помош на држач 17 на мерна летва за
градежен ласер 15, (опрема) како и на други помошни средства со ширина до
65 мм.
– Прицврстете го држачот 17 со завртката за прицврстување 16 во прифатот 12
на задната страна од мерниот уред.
–Олабавете го шрафот за фиксирање 13, притиснете го држачот напр. на
мерна летва за градежни ласери 15 и повторно затегнете го шрафот за
фиксирање 13 .
Горниот раб 14 на држачот се наоѓа на истата висина како и средишната ознака5
и може да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
Прицврстување со магнет (види слика B)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите
ласерскиот приемник со помош на магнетна плоча 4 на предната страна на
челичните делови.
OBJ_BUCH-780-005.book Page 180 Monday, March 31, 2014 9:28 AM