User Manual
216 | Македонски
1 609 92A 1YW | (8.7.16) Bosch Power Tools
За функцијата за трасирање притискајте на копчето за
промена на функција 3, додека на екранот не се појави
приказот за функцијата на трасирање.
Вредноста на трасирање може да се постави на следниот
начин:
– За да зададете позната вредност, притискајте на
копчето Плус 6 одн. Минус 12, додека не се прикаже
саканата вредност во горниот ред на измерена
вредност a. Со долго притискање на копчето Плус 6
одн. Минус 12 вредностите континуирано
продолжуваат. Ласерот сè уште не се вклучува.
– За м
ерење на вредноста на трасирање притиснете го
копчето Мерење 7 еднаш кратко за целење и одново
уште еднаш кратко за мерење. Потоа ласерскиот зрак
останува вклучен.
– Измерената или зададената вредност на трасирање
може да се коригира со притискање на копчето Плус 6
одн. Минус 12.
По утврдување на вредноста на трасирање, притиснете
долго на копчето Мерење 7, за да започнете со мерењето.
Сега придвижете го мерниот уред за трасирање во
саканиот правец. Во редот со резултат c тековно ќе се
прикажува актуелната измерена вредност на вкупната
траса. Во горниот ред со измерена вредност
a и понатаму
стои избраната вредност на трасирање.
Во средниот и долниот ред на измерена вредност a стојат
факторот („x“), колку пати е содржана вредноста на
трасирање во вкупната траса, и разликата („dif“) помеѓу
целобројниот множител на вредноста на трасирање и
вкупната траса.
Доколку вкупната траса е малку помала од целобројниот
множител, тогаш ќе се прикажат негативната вредност на
разликата и следниот поголем множител на вредноста на
трасирање.
Движете го мерниот уред, додека во средниот ред на
измерена вредност a не се п
ојави саканиот множител на
вредноста на трасирање и вредноста на разлика во
долниот ред на измерена вредност изнесува a „0,0 м“.
Потоа пренесете ја референтната точка на мерењето.
Примери:
a) Позитивна вредност на разликата:
7,4 м =(12x0,6м)+0,2м
Во вкупната траса од 7,4 м
вредноста на трасирање од 0,6 м е
содржана 12 пати. Освен тоа,
вкупната траса содржи и остаток од
0,2 м. Скратете го растојанието
меѓу мерниот уред и стартната
точка за вредноста на разликата
0,2 м, и потоа пренесете ја
должината.
b) Негативна вредност на разликата:
7,0 м =(12x0,6м)–0,2
м
Во вкупната траса од 7,0
недостигаат 0,2 м, додека
вредноста на трасирање од 0,6 м е
содржана 12 пати. Зголемете го
растојанието меѓу мерниот уред и
стартната точка за вредноста на
разликата 0,2 м и потоа пренесете
ја должината.
Со кратко притискање на копчето Мерење 7 завршете ја
функцијата на трасирање. Со долго притискање на
копчето Мерење 7 функцијата на трасирање стартува од
ново (со иста вредност на трасирање).
Функцијата на трасирање автоматски се исклучува по
5 мин. За п
ретходно напуштање на функцијата притиснете
едно од копчињата за мерни функции.
Листа на последните измерени вредности
Мерниот уред ги зачувува последните 30 измерени
вредности и нивните пресметки и ги покажува по обратен
редослед (најпрво последната измерена вредност).
За повикување на зачуваните
мерења притиснете го копчето 15.
На екранот ќе се прикаже
резултатот од последното мерење,
потоа показателот за листата на
измерени вредности d, како и
броилото за нумерирање на
прикажаните мерења.
Доколку при одново притискање на копчето 15 не се
зачуваат други мерења, мерниот уред се враќа на
последната мерна функција. За да излезете од листата на
измерени вредности, притиснете едно од копчињата за
мерни функции.
За да го избришете актуелно прикажаниот запис на листи
со измерени вредности, притиснете кратко на копчето 16.
За да ја избришете целата листа со измерени вредности,
држете го притиснато копчето Листа со измерени
вредности 15 и истовремено кратко притиснете на
копч
ето 16.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето 16 може да ги
избришете последно соопштените поединечни измерени
вредности во сите мерни функции. Со повеќекратно
притискање на копчето ќе се избришат поединечните
измерени вредности по обратен редослед.
Во функцијата мерење на ѕидни површини при првото
кратко притискање на копчето 16 ќе се избрише
последната поединечна
мерна вредност, при второто
притискање сите должини B
X
, а при третото висината на
просторот A.
Собирање на измерените вредности
За да ги соберете измерените вредности, најпрво
извршете произволно мерење или изберете внес од
листата со измерени вредности. Потоа притиснете го
копчето Плус 6. На екранот за потврда се појавува „+“.
Потоа извршете второ мерење или изберете друг внес од
листата со измерени вредности.
OBJ_BUCH-947-007.book Page 216 Friday, July 8, 2016 10:44 AM