User manual

безбедносните упатства на
производителот на детергентот за
машина за миење садови.
Не пијте ја водата од машината за
миење садови. Во уредот може да има
остатоци од детергент.
Уверете се дека вратата од уредот е
секогаш затворена кога не се користи.
Со тоа ќе спречите повреда и
сопнување преку отворената врата.
Немојте да седите или стоите на
вратата.
Безбедност на децата
Со овој уред смеат да ракуваат само
возрасни. Децата мора да се
надгледуваат за да бидете сигурни дека
нема да играат со уредот.
Држете ја сета амбалажа подалеку од
децата. Постои ризик од задушување.
Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место. Не дозволувајте им на децата да
го допираат детергентот.
Држете ги децата подалеку од уредот
кога вратата е отворена.
Местење
Уверете се дека уредот не е оштетен во
текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетен уред. По потреба
побарајте го добавувачот.
Отстранете ја сета амбалажа пред
првата употреба.
Инсталирањето на електриката и на
водоводот мора да го изведува
квалификувано икомпетентно лице.
Не обидувајте се да ги менувате
спецификациите или да го
модификувате овој производ на кој
било начин. Тоа може да предизвика
повреда.
Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот.
Опасност од повреди или оштетување
на апаратот.
Не користете го апаратот:
ако кабелот за напојување или
цревата за вода се оштетени,
ако контролната табла, работната
површина или подножјето се
оштетени така што има пристап до
внатрешноста на апаратот.
Јавете се на локалниот сервисен
центар.
Не дупчете ги страниците на апаратот
за да не се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При
поврзување на струјата и на водата,
внимателно следете ги упатствата
наведени во соодветните поглавја.
3