Safety information

Македонски
564
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња
Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се
испразни од изложувањето на магнетни полиња.
Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички,
телефонските картички, штедните книшки и картичките за
интернат можат да бидат оштетени од магнетните полиња.
Избегнувајте контакт со уредот кога се презагреал. Во
спротивно, тоа може да предизивка изгореници од ниска
температура, црвенило и пигментација на кожата
Внимавајте на презагревање на уредот кога го користите подолго
време и избегнувајте долготраен контакт со кожата.
Не седете на уредот и не ставајте го во директен контакт со
кожата подолго време кога се полни или кога е поврзан со извор
на напојување.
Толеранцијата на високи температури е различна кај секого.
Ве молиме, бидете особено внимателни кога го користат деца,
постари лица или лица со посебни потреби.
Не користете го Вашиот уред со изваден капак за батеријата
Батеријата може да испадне од уредот што може да резултира со
оштетување или неправилно функционирање.
Внимавајте да не го изложувате објективот на камерата на
силен извор на светлина, како на пример директна сончева
светлина
Ако објективот на камерата се изложи на силен извор на светлина,
како на пример директна сончева светлина, сензорот за сликање
на камерата може да се оштети. Оштетениот сензор за сликање не
може да се поправи и ќе предизвика точки или дамки на сликите.
Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба,
не користете го светлото блиску до очите на луѓето или
миленичињата
Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика
привремено губење на видот или оштетување на очите.