User manual

7 Најчесто
поставувани
прашања
Моите Bluetooth слушалки се поврзани со
мобилен телефон со овозможено Bluetooth
стерео, но музиката може да се репродуцира
единствено на звучникот на мобилниот
телефон.
Погледнете во прирачникот за корисникот на
вашиот мобилен телефон. Изберете да ја слушате
музиката преку вашите слушалки.
Квалитетот на звукот е слаб и можно е да се
слушнат некои шумови.
Bluetooth уредот е надвор од опсегот. Намалете
го растојанието помеѓу вашите слушалки и
Bluetooth уредот, или отстранете ги пречките кои
се наоѓаат помеѓу нив.
Квалитетот на звукот е слаб кога стримингот од
мобилниот телефон е многу бавен, или аудио
стримингот воопшто не работи.
Осигурете се дека вашиот мобилен телефон не
само што поддржува (моно) HFP, туку исто така
поддржува A2DP (погледнете во „Технички
податоци“ на страница 7).
Ја слушам, но не можам да ја контролирам
музиката на мојот Bluetooth уред (на пр.
репродукција/пауза/прескокни
напред/прескокни назад).
Осигурете се дека Bluetooth аудио изворот
поддржува AVRCP (погледнете во „Технички
податоци“ на страница 7).
За понатамошна поддршка, посетете ја
веб-страницата www.philips. com/support.
Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат.
Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ги
слушалките.
Не можам да ги спарам моите Bluetooth
слушалки со мобилен уред.
Bluetooth-от е оневозможен. Овозможете ја
Bluetooth функцијата на вашиот мобилен
телефон и вклучете го мобилниот телефон
пред да ги вклучите слушалките.
Спарувањето не работи.
Осигурете се дека слушалките се во
режимот на спарување.
Следете ги чекорите опишани во овој
прирачник за корисникот (видете
„Спарување на слушалките со вашиот
мобилен телефон" на страница 4).
Осигурете се дека LED светлото
наизменично трепка сино и бело
Мобилниот телефон не може да ги пронајде
слушалките.
Слушалките се можеби поврзани со
претходно спарен уред. Исклучете го
поврзаниот уред или преместете го
надвор од опсегот.
Спарувањето можеби е повторно
поставено или слушалките биле
претходно спарени со друг уред. •
Спарете ги повторно слушалките со
мобилниот телефон, како што е опишано
во прирачникот за корисникот (видете
„Спарување на слушалките со вашиот
мобилен телефон" на страница 4).
11 MK