User manual

2 МК
1 Важни
безбедносни
упатства
Заштита на слух
Опасност
За да се избегне оштетување на слухот,
ограничете го времето на користење на
слушалките со голема јачина на звук и поставете
ја јачината на звук на безбедно ниво. Колку е
поголема јачината на звук, толку е пократко
времето на безбедно слушање.
Уверете се дека ги почитувате следните
упатства кога ги користите слушалките.
Слушајте на разумни јачини на звук,
во разумно времетраење.
Внимавајте да не ја засилувате
јачината на звук постојано како што ќе
се навикнувате на слушањето.
Не пуштајте ја јачината на звук толку
силно за да не можете да слушате што
се случува околу вас.
Треба да користите внимателно
или повремено да го прекинувате
користењето во потенцијално опасни
ситуации.
Прекумерниот звучен притисок од
слушалките може да предизвика
загуба на слух.
Користењето на слушалки со
покривање на двете уши не се
препорачува додека возите и може да
е нелегално во некои подрачја додека
возите.
За ваша безбедност, избегнувајте
одвлекување на вниманието од музика
или телефонски повици додека сте во
сообраќај или во други потенцијално
опасни средини.
Општи информации
За да избегнете штета или дефект:
Внимание
Не изложувајте ги слушалките на преголема
жештина
Не испуштајте ги слушалките.
Слушалките не треба да бидат изложени на
капење и прскање.
Не дозволувајте слушалките да бидат потопени во
вода.
Не користете средства за чистење што содржат
алкохол, амонијак, бензин или абразиви.
Ако е потребно чистење користете мека крпа, ако
е неопходно навлажнете ја минимално со вода
или разредено нежно средство за чистење, за да
го исчистите производот.
Интегрираната батерија не треба да се изложува
на прекумерна топлина како на сонце, оган или
слично.
Опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета. Заменете само со ист или
со еквивалентен тип.
За работењето и температурите на
складирање и влажноста
Складирајте ги на место каде
температурата е помеѓу -20°C (-4°F)
и 50°C (122°F) (до 90% релативна
влажност.
Користете ги на место каде
температурата е помеѓу -10°C (14°F)
и 50°C (122°F) (до 90% релативна
влажност.
Работниот век на батеријата може да
се скрати при услови на висока или
ниска температура.