User manual

12 MK
Информација за
животната средина
Сите непотребни пакувања се избегнати. Се
обидовме да овозможиме пакувањето лесно
да може да се одвои на три материјали: картон
(кутија), полистирен пена (тампон) и полиетилен
(кесиња, заштитна облога од пена).
Вашиот систем се состои од материјали кои може
да бидат рециклирани и повторно искористени
ако ги расклопи специјализирана компанија.
Почитувајте ги локалните прописи во врска со
отстранувањето на материјалите од пакувањето,
потрошените батерии и старата опрема.
Белешка за усогласеност
Уредот е во согласност со правилата FCC, Дел 15.
Работењето е предмет на следните два услова:
1. Овој уред не може да предизвикува
штетно попречување, и
2. Овој уред мора да прифати какво
било попречување што ќе го прими,
вклучително и попречување што ќе
предизвика несакано работење.
FCC правила
Оваа опрема е тестирана и потврдено е дека
е во согласност со ограничувањата за Класа
B на дигитален уред, во согласност со дел
15 од правилата FCC. Овие ограничувања се
дизајнирани да обезбедат разумна заштита од
штетно попречување во станбена инсталација.
Оваа опрема генерира, користи и може да
зрачи енергија на радио фреквенција, и ако не
е инсталирана и не се користи во согласност со
упатството за користење, може да предизвика
штетно попречување на радио врските. Меѓутоа,
нема гаранција дека попречувањето нема да
се случи во одредена инсталација. Ако оваа
опрема не предизвика штетно попречување
на радио или телевизискиот прием, што може
да се утврди со исклучување и вклучување на
опремата, корисникот се советува да се обиде да
го коригира попречувањето со една или повеќе
од следните мерки:
Пренасочете ја или преместете ја антената за
прием.
Зголемете го растојанието помеѓу опремата и
приемникот.
Вклучете ја опремата во штекер или коло
различно од она на кое е поврзан приемникот.
Консултирајте го продавачот или искусен радио/
телевизиски техничар за помош.
FCC Изјава за изложеност на радијација:
Оваа опрема е усогласена со FCC ограничувањата
за изложеност на радијација наведени за
неконтролирана средина.
Овој предавател не смее да биде на исто место
или да работи заедно со која било друга антена
или предавател.
Внимание: Се предупредува корисникот дека
промените или модификациите кои не се изречно
одобрени од страната која е одговорна за
усогласеност, може да го поништи овластувањето
на корисникот да ракува со опремата.
Канада:
Овој уред содржи предавател(и)/приемник(ци)
изземени од добивање на лиценца што се во
согласност Innovation, Science and Economic
Development Canada’s license-exempt RSS(s).
Работењето е предмет на следните два услова:
(1) овој уред не може да предизвикува штетно
попречување, и (2) овој уред мора да прифати
какво било попречување што ќе го прими,
вклучително и попречување што може да
предизвика несакано работење на уредот.
CAN ICES-3(B)/NMB-3(B)
IC Изјава за изложеност на радијација:
Оваа опрема е усогласена со ограничувањата за
изложеност на радијација на Канада наведени за
неконтролирани средини.
Овој предавател не смее да биде на исто место
или да работи заедно со која било друга антена
или предавател.