User manual

MK12
Усогласеност со EMF
(Електромагнетни
полиња)
Овој производ е во согласност со сите
важечки стандарди и прописи во врска
со изложеност на електромагнетни
полиња.
Информација за
животната средина
Сите непотребни пакувања
се избегнати. Се обидовме да
овозможиме пакувањето лесно да
може да се одвои на три материјали:
картон (кутија), полистирен пена
(тампон) и полиетилен (кесиња,
заштитна облога од пена).
Вашиот систем се состои од материјали
кои може да бидат рециклирани
и повторно искористени ако ги
расклопи специјализирана компанија.
Почитувајте ги локалните прописи
во врска со отстранувањето на
материјалите од пакувањето,
потрошените батерии и старата
опрема.
Белешка за усогласеност
Уредот е во согласност со правилата
FCC, Дел 15. Работењето е предмет на
следните два услова:
1. Овој уред не може да предизвикува
штетно попречување, и
2. Овој уред мора да прифати какво
било попречување што ќе го прими,
вклучително и попречување што ќе
предизвика несакано работење.
FCC правила
Оваа опрема е тестирана и
потврдено е дека е во согласност
со ограничувањата за Класа B на
дигитален уред, во согласност со
дел 15 од правилата FCC. Овие
ограничувања се дизајнирани да
обезбедат разумна заштита од штетно
попречување во станбена инсталација.
Оваа опрема генерира, користи и
може да зрачи енергија на радио
фреквенција, и ако не е инсталирана
и не се користи во согласност со
упатството за користење, може да
предизвика штетно попречување на
радио врските.
Меѓутоа, нема гаранција дека
попречувањето нема да се случи
во одредена инсталација. Ако
оваа опрема не предизвика
штетно попречување на радио или
телевизискиот прием, што може
да се утврди со исклучување и
вклучување на опремата, корисникот
се советува да се обиде да го коригира
попречувањето со една или повеќе од
следните мерки:
Пренасочете ја или преместете ја
антената за прием.
Зголемете го растојанието помеѓу
опремата и приемникот.
Вклучете ја опремата во штекер
или коло различно од она на кое е
поврзан приемникот.
Консултирајте го продавачот или
искусен радио/телевизиски техничар
за помош.
FCC Изјава за изложеност на
радијација:
Оваа опрема е усогласена со FCC
ограничувањата за изложеност
на радијација наведени за
неконтролирана средина.
Овој предавател не смее да биде
на исто место или да работи заедно
со која било друга антена или
предавател.