SCF358 Упатство за корисникот
Содржина Важно ���������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 3 Вовед ����������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 6 Општ опис ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 7 Преглед на производот ��������������������������������������������������������������������
Важно Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина. Опасност - Не го потопувајте кабелот, приклучокот или апаратот во вода или во друга течност. Предупредување - Апаратот користете го само во затворен простор. - Кабелот за напојување не смее да виси преку работ на маса или работна површина. Вишокот кабел чувајте го во подножјето на грејачот за шишиња. - Кабелот за напојување држете го подалеку од врели површини.
- - - Овој апарат може да го користат лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
Внимание - Овој апарат е наменет за користење во домаќинствата и слични места како што се фармите, угостителските објекти кои нудат ноќевање и појадок, кујните за персоналот во продавници, канцелариите и други работни опкружувања и од гостите во хотели, мотели и други видови сместување. - Храната не смее предолго да се загрева. - Секогаш проверувајте ја температурата на храната пред да го храните детето.
Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите поддршката што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Овој грејач за шишиња ви овозможува безбедно да загревате и одмрзнувате млеко во шишиња Philips Avent и во други најчести брендови на шишиња за хранење и бебешка храна во садови. Овој грејач за шишиња е дизајниран да го загрева млекото на умерен начин.
Општ опис Преглед на производот A F B E D C A Грејач за шишиња D Поставка за одржување топлина/ одмрзнување B Индикатор за тек E Поставка за количина на млеко C Поставка за загревање на бебешка храна F Копче за вклучување/исклучување -7-
Објаснување на поставките Количина на млеко Загревање бебешка храна Одржување топлина/ одмрзнување • Изберете ја оваа поставка за загревање млеко што е на собна температура или на температура од ладилник. • Изберете ја количината на млеко што ја загревате. Можете да поставите од 30 ml/1 oz до 330 ml/11 oz. Грејачот за шишиња го загрева млекото до саканата температура. Млекото е подготвено за хранење кога ќе засвети целиот индикатор за тек.
Кога целиот индикатор за тек е вклучен, но не трепка, млекото е подготвено за хранење. Хранете го бебето кога млекото е загреано. Немојте повторно да го загревате млекото откако ќе се олади, бидејќи во него може да почнат да се развиваат бактерии. Поради различните густини на бебешката храна, апаратот не може прецизно да открие колку долго треба да се загрева бебешката храна. Кога целиот индикатор за тек е вклучен, но не трепка, оставете ја бебешката храна во апаратот за дополнително загревање.
4 5 Кога целиот индикатор за тек ќе почне постојано да свети, млекото е подготвено за хранење и грејачот за шишиња автоматски се префрла во режимот за одржување топлина. Грејачот за шишиња автоматски се исклучува по приближно 60 минути, вклучувајќи го и времето на загревање. Индикаторот за тек се исклучува. 60 min Совет • Ако сакате млекото да биде потопло, оставете го шишето во апаратот сè додека не ја достигне саканата температура откако ќе засвети целиот индикатор за тек.
Нахранете го бебето со млеко Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот и да го извадите шишето со млеко. Забелешка • Ако користите мало шише за млеко, како шише за млеко од 60 ml/2 oz, внимавајте на врелата вода кога го вадите шишето. Секогаш проверувајте ја температурата на млекото пред да го храните бебето. Нежно промешајте го млекото во шишето и проверете ја температурата така што ќе прснете неколку капки млеко на внатрешната страна од рачниот зглоб.
Веднаш употребете го грејачот за шишиња за друго шише Ако сакате да загреете друго шише, оставете го грејачот за шишиња да се олади. За да го забрзате процесот, повторно наполнете го грејачот за шишиња со свежа ладна вода. Кога ќе го вклучите грејачот за шишиња, индикаторот за тек постепено трепка за да означи дека апаратот повторно се загрева. Забелешка • Ако индикаторот за тек е вклучен, но не трепка, грејачот за шишиња е сè уште премногу врел за загревање на друго шише.
3 Индикаторот за тек трепка за да покаже дека е во процесот на загревање. 4 Кога целиот индикатор за тек ќе почне постојано да свети, млекото е подготвено за хранење и грејачот за шишиња автоматски се префрла во режимот за одржување топлина. 5 Грејачот за шишиња автоматски се исклучува по приближно 60 минути, вклучувајќи го и времето на загревање. Индикаторот за тек се исклучува. 60 min Загревање бебешка храна 1 Ставете го садот со бебешка храна во грејачот за шишиња.
2 Изберете ја поставката за загревање бебешка храна и притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да вклучите. 3 4 Индикаторот за тек трепка за да покаже дека е во процесот на загревање. Поради различните густини на бебешката храна, апаратот не може прецизно да открие колку долго треба да се загрева бебешката храна. Мешајте ја бебешката храна додека теглата или садот е во грејачот за шишиња. За оптимален резултат, проверете ја нејзината температура додека се загрева.
Нахранете го бебето со бебешката храна Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот и да го извадите садот или теглата со храна. Секогаш проверувајте ја температурата на бебешката храна пред да почнете да го храните бебето. Нежно мешајте ја бебешката храна во садот или теглата и пробајте ја за да проверите дали е премногу врела.
2 Изберете ја поставката за одржување топлина/одмрзнување и притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да вклучите. 3 Индикаторот за тек трепка за да покаже дека се загрева млекото. 4 Кога целиот индикатор за тек ќе почне постојано да свети, млекото е подготвено за хранење и грејачот за шишиња го одржува млекото на оваа температура. 5 Грејачот за шишиња автоматски се исклучува по приближно 60 минути, вклучувајќи го и времето на загревање. Индикаторот за тек се исклучува.
Одмрзнување млеко При оваа поставка, вградениот сензор го прилагодува начинот на загревање за одржување топлина или за одмрзнување. Ако ставите замрзнато млеко, грејачот за шишиња го одмрзнува млекото до течна состојба, а потоа го загрева до соодветната температура. Можете да го одмрзнете млекото од 30 ml/1 oz до 180 ml/6 oz. 1 Ставете го шишето во грејачот за шишиња. Наполнете со вода за пиење до нивото на млекото.
Забелешка • На пр. за одмрзнување и загревање на шише замрзнато млеко од 60 ml/2 oz, ќе бидат потребни 45 минути. Времето на одмрзнување и загревање може да биде подолго или пократко, во зависност од количината на млеко и материјалот на садот. 5 Грејачот за шишиња автоматски се исклучува по приближно 60 минути, вклучувајќи го и времето на одмрзнување и загревање. Индикаторот за тек се исклучува.
2 Изберете ја поставката за одржување топлина/одмрзнување и притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да вклучите. 3 4 Индикаторот за тек трепка за да покаже дека бебешката храна се загрева. Поради различната густина на бебешката храна, апаратот не може прецизно да открие колку долго треба да ја одмрзнува. Промешајте ја бебешката храна штом почне да се одмрзнува. Внимавајте да не ги изгорите прстите кога го држите садот или теглата додека мешате. Забелешка • На пр.
6 Потоа, изберете ја поставката за бебешка храна и притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја загреете храната. Забелешка • Грејачот за шишиња треба да биде исклучен пред да го завртите копчето во положбата за поставка за бебешка храна. Во спротивно, поставката за бебешка храна нема да се активира. 7 8 Индикаторот за тек трепка за да покаже дека бебешка храна се загрева. 9 Грејачот за шишиња автоматски се исклучува по приближно 60 минути, вклучувајќи го и времето на загревање.
Чистење и отстранување бигор Чистење 1 2 Исклучете го апаратот од струја и оставете го да се олади. 3 Избришете со влажна крпа. » Немојте да го чистите грејачот за шишиња со абразивни и антибактериски средства за чистење, хемиски растворувачи или остри алати. Истурајте ја водата странично наместо од предната или од задната страна за да не се истури вода на копчето или на главниот приклучок.
Отстранување бигор Се препорачува да го отстранувате бигорот од грејачот за шишиња на секои четири недели за да овозможите ефикасно функционирање. За да го отстраните бигорот, измешајте 60 ml/2 oz бел оцет со 120 ml/4 oz ладна вода. Вклучете ја и изберете ја поставката за загревање млеко за количини под 180 ml/6 oz и оставете го апаратот да работи 10 минути. Оставете го растворот во грејачот за шишиња сè додека не се раствори целиот бигор.
Отстранување на проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако проблемот не можете да го решите со помош на информациите наведени подолу, обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Проблем Причина Решение Проблем Причина Решение По вклучување на грејачот за шишиња, целиот индикатор за тек брзо трепка и се исклучува. • Температурата на водата во грејачот за шишиња е премногу жешка или премногу ладна.
Проблем Причина Решение Проблем Причина Решение Проблем Причина Решение Проблем Причина Решение Млекото сè уште е ладно. • Можеби сте избрале погрешна поставка, користите силиконско шише или сте го наполниле грејачот за шишиња со топла вода. • Можеби не сте наполниле доволно вода во грејачот за шишиња. • Можеби сте ставиле шише во грејачот за шишиња откако сте го вклучиле грејачот за шишиња. • Ставете го шишето во грејачот за шишиња. Наполнете го грејачот за шишиња со свежа вода на собна температура.
© 2021 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.