SCF283, SCF282, SCF281 Упатство за користење
Содржина Важно ���������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 3 Вовед ����������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 5 Преглед на производот ������������������������������������������������������������������������������������������������ 5 Пред првото користење ���������������������������������������������������������������������������������
Важно Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употреба на стерилизаторот за во микробранова печка и зачувајте го за идни потреби. Предупредување - Оставете го стерилизаторот да се олади пред да го извадите од микробрановата печка. Бидете внимателни кога го поместувате или отворате стерилизаторот затоа што водата во него може сè уште да биде врела. - Немојте да го отстранувате капакот од стерилизаторот веднаш по стерилизацијата затоа што пареата што излегува од него е многу врела.
Внимание - Децата мора да бидат под надзор за да не си играат со стерилизаторот. - Секогаш проверувајте дали подножјето е наполнето со 200 ml вода пред почетокот на стерилизацијата. - По секоја употреба, истурете ја преостанатата вода од стерилизаторот откако ќе се олади. - Секогаш оставајте апаратот да се олади пред да го складирате. - Секогаш мијте ги рацете пред да ги допрете стерилизираните предмети. - Не изложувајте го стерилизаторот на екстремно високи температури или на директна сончева светлина.
Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Пред првото користење Пред да го користите стерилизаторот за првпат, темелно исчистете го како што е опишано подолу. 1 Отстранете ја корпата од основата. 2 Наполнете го шишенцето за бебиња или мерицата со точно 200 ml вода од чешма и истурете ја во подножјето. Забелешка • Количината на вода мора да биде точно 200 ml. Кога подножјето содржи премногу вода, предметите нема да се стерилизираат правилно.
5 Ставете го стерилизаторот во микробрановата печка. Забелешка • Погрижете се микробрановата печка да е чиста и сува пред да ја започнете стерилизацијата. • Ако имате комбинирана печка, проверете дали печката или скарата е исклучена и оладена пред да го ставите стерилизаторот. 6 7 8 Изберете соодветна моќност и време на микробрановата печка (видете ја табелата во делот „Користење на стерилизаторот во микробранова печка“) и оставете микробрановата печка да работи.
Подготовка за употреба Полнење на корпата Пред да ставите предмети за стерилизирање во корпата, темелно исчистете ги во машина за миење садови или рачно со жешка вода и малку течен детергент. Осигурете се дека ќе ги отстраните сите остатоци од млеко. Забелешка • Проверете дали сите делови што треба да се стерилизираат се целосно расклопени и поставете ги во корпата со отворите надолу за да не се наполнат со вода. • Не редете ги предметите премногу блиску еден до друг.
Забелешка • Поголемите прстени со навој може да се постават само во закосена положба преку цуцлите. 4 Ставете ги капачињата во држачите за капачиња. Две големи шишиња за хранење Philips AVENT (330 ml) 1 Вметнете го работ на шишињата во отворите за големи шишиња. 2 Ставете ги цуцлите во празнините за цуцли. 3 Ставете ги прстените со навој лабаво врз цуцлите.
Забелешка • Поголемите прстени со навој може да се постават само во закосена положба преку цуцлите. 4 Ставете ги капачињата во држачите за капачиња. Четири чаши за чување мајчино млеко и капаци Philips AVENT 1 Ставете ги чашите за чување мајчино млеко наопаку во корпата. 2 Ставете ги капаците вертикално околу шишињата.
Две пумпи за дојки Philips AVENT и две шишиња за хранење Philips AVENT Забелешка • Не ставајте ги електричните делови во стерилизаторот. 1 2 Целосно расклопете ја пумпата за дојки. 3 Ставете ги шишињата наопаку во празнините за шишиња. 4 Ставете ги останатите неелектрични делови од пумпата за дојки во кој било слободен простор од корпата. Вметнете го работ од телото на пумпата во отворите за пумпа за дојки на дното од корпата.
Користење на стерилизаторот во микробранова печка Забелешка • Во стерилизаторот ставајте само предмети што се соодветни за стерилизација. Немојте да ја стерилизирате четката за шишиња или предметите наполнети со течност, на пр. предмети за џвакање со течност за ладење. • Исчистете ги шишенцата и другите предмети пред да ги стерилизирате. 1 2 Отстранете ја корпата од основата. Наполнете го шишенцето за бебиња или мерицата со точно 200 ml вода од чешма и истурете ја во подножјето.
5 Ставете го капакот на стерилизаторот (1) и притиснете ги прицврстувачите за да го заклучите (2). 1 2 6 Ставете го стерилизаторот во микробрановата печка. Забелешка • Погрижете се микробрановата печка да е чиста и сува пред да ја започнете стерилизацијата. 7 Изберете соодветна моќност и време на микробрановата печка (видете ја табелата подолу) и оставете микробрановата печка да работи.
Спецификации за микробранова печка 8 Моќност Време на стерилизација Време на ладење 1200 W – 1850 W 2 мин. 2 мин. 850 W – 1100 W 4 мин. 2 мин. 500 W – 800 W 6 мин. 2 мин. Откако ќе заврши микробрановата печка, отворете ја и оставете го стерилизаторот да се олади пред да го извадите од микробрановата печка. Забелешка • Внимавајте, врела пареа може да излезе од микробрановата печка. 9 Извадете го стерилизаторот од микробрановата печка.
Чистење Чистете ги капакот, корпата и подножјето по секое користење за да се спречи наталожување бигор. Забелешка • Никогаш немојте да го чистите стерилизаторот со сунѓерчиња за триење, абразивни средства за чистење или со агресивни течности како белило, бензин или ацетон. • Забелешка: оставете стерилизаторот да се олади пред да го чистите. 1 Чистете ги деловите на стерилизаторот во врела вода со малку течен детергент.
©2022 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.