SCD881 Упатство за користење
Содржина Вовед ����������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 4 Општ опис ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 4 Важни безбедносни информации ���������������������������������������������������������������������������� 5 ВАЖНО ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������
1 15 2 14 3 13 4 5 6 16 12 7 8 9 10 11 23 27 17 18 19 20 22 24 21 25 26
Вовед Општ опис Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите поддршката што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Видео-мониторот за бебе Philips Avent ви нуди континуирана поддршка и ви овозможува да го гледате вашето бебе и дење и ноќе од секоја соба во куќата. Најновата дигитална технологија гарантира јасен звук и најостра слика од вашето бебе.
Важни безбедносни информации Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. ВАЖНО Овој монитор за бебе е предвиден да се користи како помошен уред. Тој не е замена за одговорен и правилен надзор од страна на возрасни лица и никогаш не треба да се користи како таков. Никогаш не го оставајте вашето бебе само во домот. Погрижете се секогаш да има некој покрај бебето кој ќе се грижи за него и за неговите потреби.
- - Заштитете го кабелот за напојување за да не се гази врз него или да не биде приклештен, особено кај приклучокот, штекерот и местото каде што излегува од уредот. Поставете го мониторот за бебе на начин на кој неговиот кабел нема да пречи на некој влез или премин. Ако го ставите мониторот за бебе на маса или ниска комода, не дозволувајте кабелот за напојување да виси од работ на масата или комодата. Не го оставајте кабелот на подот каде што ќе претставува ризик од сопнување.
Внимание - Не го ставајте уредот покрај извори на топлина како што се радијатори, отвори за централно греење, рингли или други апарати (вклучувајќи и засилувачи) што генерираат топлина. Рацете треба да ви бидат суви кога ракувате со адаптери, приклучоци и кабли за напојување. Сите потребни ознаки на уредот за бебето, уредот за родителот и адаптерот за напојување се поставени на долната страна на уредот за бебето, уредот за родителот и адаптерот за напојување.
Подготовка за употреба Дел за бебето Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за бебето и ставете го адаптерот во штекер. Уред за родителот Уредот за родителот се напојува од литиум-јонска батерија на полнење. Следете ги чекорите подолу за да го наполните уредот за родителот: Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за родителот и ставете го адаптерот во штекер. Индикаторот за статус на батеријата ќе почне да свети во портокалова боја за да посочи дека уредот се полни.
eco 3 hr Ако го полните уредот за родителот 3 часа, потоа ќе можете да го користите безжично прибл. 12 часа во режимот Eco. Ако уредот за родителот се вклучи за време на полнењето, тогаш полнењето ќе трае приближно двојно подолго. = 12 hr Кога батеријата на полнење во уредот за родителот е речиси празна, индикаторот за статус на батеријата почнува да свети во црвена боја и се генерира звук од уредот за родителот.
Користење на мониторот за бебе Поврзување на уредот за родителот со уредот за бебето 1 Придвижете го нагоре лизгачот за вклучување/исклучување на уредот за бебето во положбата ВКЛУЧЕНО. 2 Кога уредот за бебето е вклучен, индикаторот за напојување кај уредот за бебето ќе почне да свети во зелена боја. Забелешка: индикаторот за напојување кај уредот за бебето секогаш свети во зелена боја, дури и кога не е поврзан со уредот за родителот. >2 .5 8.
Екранот ќе се вклучи и ќе прикаже слика за поврзување, а индикаторот за поврзување ќе почне да свети во црвена боја. Уредот за родителот ќе почне да го бара уредот за бебето. Кога уредот за родителот ќе се поврзе со уредот за бебето, индикаторот за поврзување на уредот за родителот ќе почне да свети во зелена боја и на екранот ќе се прикажат една или повеќе ленти. Забелешка: потребно е помалку од 10 секунди за да се воспостави врска помеѓу уредот за родителот и уредот за бебето.
>2 .5 8. m/ 2ft 2 Ставете го уредот за родителот во рамките на работниот опсег на уредот за бебето. Погрижете се да биде оддалечен најмалку 2,5 метри од уредот за бебето за да избегнете повратен акустичен сигнал.
Работен опсег <50m/165ft Максималниот работен опсег е 50 метри во затворени простории и 300 метри на отворено. Работниот опсег на уредот за бебето е различен во зависност од опкружувањето и факторите што предизвикуваат пречки. Мокрите и важните материјали предизвикуваат толку многу пречки што намалувањето на опсегот може да достигне до 100 %.
Светлина Можете да ги прилагодите светлината на екранот и светлата на уредот за родителот на ниво по ваша желба. 1 Притиснете на левиот или десниот дел од копчето за контрола за да ја прилагодите светлината. Ова ќе ги прилагоди и светлината на екранот, и светлата на уредот за родителот истовремено. 17:00 Лентата за светлина ќе се појави на екранот за да ја прикаже избраната светлина. Постојат пет нивоа на светлина на лентата за светлина. Екранот има пет нивоа на светлина.
Режим Video 17:00 Video Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на уредот за родителот за да го изберете режимот Video. Video 17:00 Video Кога режимот за Video е активиран, екранот е вклучен постојано за да го гледате вашето бебе. Сите звуци се пренесуваат директно до уредот за родителот. 17:00 Video Забелешка: поставете го нивото на чувствителност на „многу високо“ за да добивате континуиран звук преку уредот за родителот. Погледнете го делот „Чувствителност“ за повеќе информации.
Забелешка: Индикаторот за поврзување посочува дека уредот за родителот сè уште е вклучен и поврзан со уредот за бебето. Забелешка: кога нивото на чувствителност не е поставено на „многу високо“, тивките звуци нема да се пренесат. Забелешка: поставете го нивото на чувствителност на „многу високо“ за да добивате континуиран звук преку уредот за родителот. Погледнете го делот „Чувствителност“ за повеќе информации. Сите звуци се пренесуваат континуирано до уредот за родителот.
Режим Eco 1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на уредот за родителот за да преминете во режимот Eco. Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим е видлив во лентата за статус. Лентата за статус не е видлива кога е исклучен екранот. 17:00 Eco Eco eco 17:00 Кога ќе го активирате режимот Eco, екранот и звукот кај уредот за родителот ќе се исклучат ако не се открие звук во период од 20 секунди.
2 Притиснете го десниот дел од копчето за контрола за да ја отворите листата со смирувачки звуци. 17:00 Video 1 Soothing Sounds 1 Rock-a-Bye Baby 2 Twinkle, Twinkle 3 Hush, Little Baby 4 Brahm’s Lullaby 5 Female-shh 3 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да листате низ листата со смирувачки звуци.
Јачина на смирувачки звук 17:00 Video 3 Soothing Sound Volume 1 Притиснете го копчето за смирувачки звук, а потоа притиснете го долниот дел на копчето за контрола за да ги изберете опциите за јачина на звук на менито за смирувачки звук. Притиснете го десниот дел од копчето за контрола за да пристапите до нивоата за јачина на смирувачкиот звук. 17:00 Video 3 Soothing Sound Volume 2 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да ја прилагодите јачината на звукот.
Разговор Користете го копчето за разговор за да разговарате со вашето бебе. 1 Притиснете го и задржете го копчето за разговор кај уредот за родителот. 2 Зборувајте јасно во микрофонот на предната страна од уредот за родителот на оддалеченост од 15 – 30 cm. Сè додека го притискате копчето за разговор, врската за звук со уредот за бебето ќе биде отворена. На екранот на уредот за родителот ќе се прикаже иконата за разговор што укажува дека врската е активна.
Кога се движите низ функциите на менито и не сакате да ги зачувате промените, притиснете го копчето за мени. Ќе излезете од менито без да ги менувате поставките. Забелешка: ако се наоѓате во менито, но не притиснете копче во рок од 5 секунди, менито ќе се затвори без да се зачуваат променетите поставки. Зумирање 17:00 Eco 3 Zoom Off 2X 17:00 Eco 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да го отворите менито за зумирање.
Чувствителност Нивото на чувствителност на уредот за бебето одредува што ќе слушате преку уредот за родителот. Ако поставите високо ниво, тогаш ќе слушате многу звуци, вклучувајќи ги и тивките звуци во заднина. Ако поставите ниско ниво на чувствителност, тогаш ќе ги слушате само погласните звуци. 17:00 3 Video Sensitivity Low 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да пристапите до нивоата на чувствителност.
Јазик 17:00 Video 3 Language Deutsch 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да ја отворите листата со јазици. 2 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да го изберете саканиот јазик. English Francais Italiano Nederlands Norsk 17:00 Video 3 Language Deutsch English 3 Притиснете го левиот дел на копчето за контрола за да ја зачувате новата поставка и да се вратите во главното мени.
17:00 3 Video Time 16 59 17 : 00 18 01 OK 17:00 1 Притиснете го левиот дел на копчето за контрола за да поставите час и десниот дел на копчето за контрола за да поставите минути. Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да го изберете времето. 2 Притиснете на копчето за мени за да ја зачувате новата поставка за време и да се вратите на главното мени.
Штипка за на ремен Уредот за родителот може да го носите со вас во целата куќа и надвор од неа доколку го прикачите на вашиот ремен или појас со помош на штипката за на ремен. На тој начин ќе можете да го набљудувате вашето бебе кога сте во движење. Забелешка: во овој случај екранот е завртен наопаку, па доволно е само да го подигнете уредот за родителот за да можете да го гледате вашето бебе на екранот.
3 Исклучете го уредот за родителот, исклучете го адаптерот за напојување од уредот за родителот и отстранете го адаптерот за напојување од штекер. 4 Чистете го уредот за родителот со сува крпа. 5 Чистете ги адаптерите со сува крпа. Складирање Ако не планирате да го користите мониторот за бебе долг временски период, тогаш складирајте ги уредот за родителот, уредот за бебето и адаптерите на ладно и суво место. Нарачување додатоци За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.
Рециклирање Овој симбол означува дека електричните производи и батериите не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии. Информација за животната средина Целата непотребна амбалажа е изоставена. Се обидовме да направиме амбалажа што лесно може да се раздвои во два материјали: картон (кутија) и полиетилен (кеси, заштитна пена).
Често поставувани прашања Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, одете на www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ Зошто времето на полнење на уредот за родителот може да надмине 3 часа? Уредот за родителот може да се вклучи за време на полнењето. Исклучете го уредот за родителот кога го полните за да се намали времето на полнење. Ако екранот на уредот за родителот е вклучен постојано, тогаш полнењето на уредот за родителот ќе трае подолго.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ Уредот за родителот не реагира, што треба да направам? Уредот за родителот може да го ресетирате со истовремено притискање на копчето за вклучување/исклучување и навигациското копче за надолу приближно 1 секунда. Уредот за родителот ќе се исклучи. За да повторно да го вклучите уредот за родителот, притиснете на копчето за вклучување/исклучување уште еднаш.
ШУМ/ЗВУК Прашање Одговор Зошто уредот за родителот и/или уредот за бебето создаваат високофреквентен шум? Можно е уредот за родителот и уредот за бебето да се на премногу кратко меѓусебно растојание. Погрижете се уредот за родителот и уредот за бебето да бидат на меѓусебно растојание од најмалку 2,5 метри. Можно е јачината на звукот кај уредот за родителот да е поставена на премногу високо ниво. Намалете ја јачината на звукот кај уредот за родителот.
ШУМ/ЗВУК Зошто уредот за Можно е да настанат пречки кога уредот за родителот е надвор од родителот репродуцира опсегот на уредот за бебето. Пречки може да настанат и ако има звук на зуење? премногу ѕидови или тавани помеѓу уредот за родителот и уредот за бебето или кога се вклучени други безжични уреди што користат фреквенција од 2,4 GHz (на пр., микробранова печка, Wi-Fi-рутер). Ставете го уредот за родителот на друго место, поблиску до уредот за бебето или, пак исклучете ги другите безжични уреди.
РАБОТНО ВРЕМЕ / ОПСЕГ Времето на функционирање на уредот за родителот треба да трае до 12 часа. Зошто времето на функционирање на мојот уред за родителот е пократко? Светлината на сликата на екранот кај уредот за родителот може е поставена на премногу високо ниво, што значи дека уредот за родителот троши многу енергија. Намалете ја светлината кај уредот за родителот. Уредот за родителот троши многу енергија кога видеото на екранот се прикажува континуирано.
ПРИКАЗ НА ВИДЕО Зошто сликата на екранот за видео не е јасна? Светлина на екранот може е поставена на премногу ниско ниво. Зголемете ја светлината на екранот на уредот за родителот со помош на копчето за контрола во центарот (погледнете во делот „Светлина“). Леќата на уредот за бебето може е валкана. Исчистете ја леќата со сува крпа. Можно е уредот за бебето да е премногу оддалечен од вашето бебе.
Монтирање на ѕид Упатства за печатење: Отпечатете ја оваа страница во размер од 100 % и искористете го шаблонот за прецизно обележување на положбата на отворите за завртките на ѕидот.
© 2023 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.