Important Information Manual

МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да
го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Никогаш не ставајте прсти или предмети
во отворот за полнење додека работи
апаратот. За таа намена користете го
само потиснувачот.
- Немојте да ја јадете пулпата ниту да ја
користите за подготовка на јадења.
- Немојте да го потопувате моторот во
вода или во некоја друга течност. Немојте
да го плакнете под чешма и немојте да го
перете во машина за садови.
- Пред да го приклучите апаратот,
проверете дали напонот наведен на
долниот дел од апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
- Секогаш потполно одмотувајте го
кабелот за напојување пред да го
вклучите апаратот.
- Никогаш не оставајте го апаратот да
работи без надзор.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за да
се избегне опасност.
- Овој апарат е наменет само за
стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања
како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е
наменет ниту за употреба од клиенти во
хотели, мотели, угостителски објекти кои
нудат ноќевање и појадок и други видови
сместување.
- Овој апарат не смеат да го користат деца.
Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку
од дофат на деца.
- Апаратите може да ги користат лица
со ограничени физички, сензорни или
ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле
упатства за безбедно користење на
апаратот и да ги разбираат можните
опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот.
Внимание
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Секогаш поставувајте го апаратот
на стабилна, рамна и хоризонтална
површина.
- Избегнувајте контакт со движечките
делови.
- Отклучувајте ја стегата за заклучување
само кога ќе го исклучите апаратот и кога
сврделот за цедење ќе престане да се
врти.
- Никогаш не користете додатоци или
делови од други производители, или кои
не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
- Немојте да го користите апаратот на
отворено.
- Проверете дали сите делови се правилно
склопени пред да го вклучите апаратот.
- Апаратот користете го само кога стегата
за заклучување е во заклучена положба.
- Немојте да го отстранувате садот за
пулпа додека работи апаратот.
- Исечете ги големите состојки на парчиња
што може да ги собере во отворот за
полнење. Отстранете ги коските, срцата,
семките и дебелите кори од овошјето или
зеленчукот пред цедењето.
- Немојте премногу да го притискате
потиснувачот за да избегнете
оштетување.
- Прехранбената боја може да предизвика
губење на бојата на деловите. Тоа е
нормално и не влијае на перформансите
на апаратот.
- За да го оптимизирате работниот век
на апаратот, немојте да го користите
подолго од 30 минути без прекин.
- Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите кои
доаѓаат во допир со храната. Погледнете
ги упатствата во прирачникот.
1
www.philips.com
3000 053 13651 A
Specications are subject to change
without notice.
©2020 Koninklijke Philips N.V.
All rights reserved.

Summary of content (2 pages)