User Guide

Table Of Contents
CAM со smart картичка - CI+
Информации за CI+
Овој телевизор е подготвен за CI+ условен пристап.
Со CI+ можете да гледате врвни HD програми, како
филмови и спорт, кои ги нудат операторите со дигитална
телевизија во вашиот регион. Овие програми се кодирани
од страна на ТВ операторот и се декодираат со припејд CI+
модул.
Кога се претплаќате на нивните премиум програми,
операторите со дигитална телевизија нудат CI+ модул
(Модул за условен пристап - CAM) заедно со smart
картичка. Овие програми имаат високо ниво на заштита од
копирање.
За повеќе информации околу одредбите и условите,
обратете се на операторот со дигитална телевизија.
Smart картичка
Кога се претплаќате на нивните врвни програми,
операторите со дигитална телевизија нудат CI+ модул
(Модул за условен пристап - CAM) заедно со smart
картичка.
Вметнете ја smart картичката во CAM модулот. Проверете
ги инструкциите кои сте ги добиле од операторот.
За да вметнете CAM модул во телевизорот…
1. На CAM модулот погледнете го точниот начин на
вметнување. Неправилното вметнување може да го
оштети CAM модулот и телевизорот.
2. На задната страна на телевизорот, со предниот дел од
CAM модулот свртен кон вас, полека вметнете го CAM
модулот во отворот COMMON INTERFACE.
3. Турнете го CAM модулот до крај. Оставете го трајно да
стои во отворот.
Кога го вклучувате телевизорот, можно е да се потребни
неколку минути додека се активира CAM модулот. Ако е
вметнат CAM модулот и трошоците за претплата се
подмирени (начините на претплата може да се
разликуваат), можете да ги гледате кодираните канали
поддржани од CAM smart картичката.
CAM модулот и smart картичката се наменети само за
вашиот телевизор. Ако го отстраните CAM модулот, нема
да можете повеќе да ги гледате кодираните канали
поддржани од CAM модулот.
Поставување на лозинки и PIN кодови
Кај одредени CAM модули, мора да внесете PIN код за да
ги гледате неговите канали. Кога го поставувате PIN кодот
за CAM модулот, ви препорачуваме да го користите истиот
код кој го користите да го отклучите телевизорот.
За да го поставите PIN кодот за CAM модулот…
1. Притиснете
SOURCES.
2. Изберете го типот на канали за кој го користите CAM
модулот.
3. Притиснете OPTIONS и изберете Општ интерфејс.
4. Изберете го ТВ операторот на CAM модулот. Наредните
екрани се од ТВ операторот. Следете ги упатствата на
екранот за да го погледнете поставувањето на PIN кодот.
USB-мемориски уред
Можете да гледате фотографии или да репродуцирате
музика и видео записи од поврзан USB флеш
уред. Вметнете USB флеш уред во еден
од USB приклучоците на телевизорот додека е вклучен
телевизорот.
Телевизорот го открива флеш уредот и отвора листа на
која се прикажува неговата содржина.
Ако листата на содржини не се појави автоматски,
притиснете
SOURCES и изберете USB.
За повеќе информации околу гледањето или
репродуцирањето на содржини од USB флеш уред,
во Помош, притиснете го копчето во боја Клучни
16