Operating instructions
М
акедонски
(Продолжува на другата страница.)
Решавање проблеми/
прашања и одговори
Сликите не се 3Д.
Дали ТВ-уредот е регистриран со 3Д-очилата?
Извршете регистрација со ТВ-уредот за да гледате
( страница 9).
Дали режимот на 3Д-очила е поставен на 3Д?
Лизгајте го преклопникот во MODE положба еднаш за да го
смените режимот помеѓу 3Д и 2Д.
Дали нагодувањата за слика се префрлени на 3Д-
слики?
За детали, видете го упатството за употреба на
телевизорот.
Можат да се појават индивидуални разлики, при што
3Д-сликите тешко се гледаат или не можат да се
гледаат, особено кај корисници што имаат различно
ниво на вид помеѓу левото и десното око.
Преземете ги неопходните чекори (носете очила итн.) за
да го поправите видот пред да ги користите 3Д-очилата.
Напојувањето на 3Д-очилата се исклучува само.
Дали има какви било предмети помеѓу очилата и
телевизорот?
Дали 3Д-очилата се доволно наполнети?
Батеријата е целосно празна доколку индикатор-
светилката не свети. Наполнете ја батеријата.
Прво, проверете го следново. Доколку со тоа не го решите
проблемот, ве молиме обратете се на местото на продажба.
Индикатор-светилката не свети кога копчето за
напојување е поставено на „ON“ (вклучено).
3Д-очилата не можат да се регистрираат на ТВ-уредот.
Дали ТВ-уредот ги поддржува овие 3Д-очила?
Користете ги 3Д-очилата со компатибилен ТВ-уред
( страница 2).
Дали сте дозволиле да измине повеќе од една минута
откако сте го нагодиле уредот на режим на
регистрација?
Доколку сте дозволиле да измине повеќе од една минута,
регистрацијата автоматски ќе биде откажана. Извршете ја
регистрацијата така што телевизорот и поврзаните 3Д-
очила ќе бидат поставени што е можно поблизу.