Упатство за употреба 3Д-очила Модел бр. Овој производ не може и не смее да се користи како очила за сонце.
Ви благодариме што го купивте овој производ на Panasonic. Пред да го користите овој производ, потребно е да ги прочитате „Безбедносни мерки“ и „Мерки при користење“ ( страници 2-6). Ве молиме, прочитајте ги внимателно овие инструкции пред да ракувате со овој производ и задржете ги за натамошна употреба. Македонски Овие 3Д-очила можат да се користат само за Panasonic HDTV што поддржува 3Д и Bluetooth® безжична технологија, што го има логото што е прикажано подолу ( страница 15).
Постојано чувајте ги 3Д-очилата оддалечени повеќе од 22 см (9 инчи) од вграден пејсмејкер или слична вградена медицинска опрема. Радиобрановите од 3Д-очилата можат да влијаат врз работењето на вградениот пејсмејкер или сличната опрема. Расклопување Не расклопувајте ги или не модифицирајте ги 3Д-очилата. Кога го одложувате производот, видете во „Одложување“ ( страница 10) и правилно расклопете за да ја отстраните батеријата на полнење.
Направете пауза од 30 до 60 минути по гледање 3Дсодржина на интерактивен уред, како, на пример, 3Д-игри или компјутери. Бидете внимателни ненамерно да не го удрите ТВ-уредот или други луѓе. Кога употребувате 3Д-очила растојанието помеѓу корисникот и екранот може да биде погрешно проценето. Македонски 3Д-очилата мораат да се носат само кога гледате 3Дсодржина. Не навалувајте ја главата и/или не навалувајте ги 3Дочилата додека гледате 3Д-слики.
Пред употреба на 3Д-очилата, осигурајте се дека кршливи предмети не го обиколуваат корисникот за да се избегне какво било случајно оштетување или повреда. Отстранете ги 3Д-очилата пред да се движите наоколу за да избегнете паѓање или случајна повреда. Употребувајте ги 3Д-очилата само за наменски цели и за ништо друго. Не употребувајте ги 3Д-очилата доколку се оштетени. Веднаш престанете да ги употребувате 3Д-очилата доколку се појави дефект или грешка.
Користење на радиобранови Овој уред користи 2,4 GHz радиофреквенција од ISM опсег (Bluetooth®). Сепак, другата безжична опрема може да ја користи истата фреквенција. Земете го предвид следново за да спречите мешање на радиобрановите од друга опрема. Македонски Ограничување на користењето. Користење само во вашата земја. Опсег на користење Опсегот на користење е приближно 3,2 м. Опсегот може да биде помал во зависност од структурата на зградата, околината и препреките помеѓу приемникот и предавателот.
Идентификување на командите Копче за напојување Индикатор-светилка Македонски Отвор за полнење (DC IN) Копче за напојување Лизгајте го преклопникот во ON/OFF положбата за да го вклучите/исклучите напојувањето. Лизгајте го преклопникот во MODE положба еднаш за да го смените режимот помеѓу 3Д и 2Д. 2Д: Гледање на 3Д-слика во 2Д. Ова исто така се користи кога ги регистрирате 3Д-очилата на телевизорот. За повеќе детали околу регистрацијата, видете на страницата за регистрација ( страница 9).
Состојба на индикатор-светилката Македонски Индикатор-светилка Состојба Кога ќе се вклучи, свети две секунди во црвена боја. Нивото на батеријата е доволно. Кога ќе се вклучи, трепка петпати во црвена боја. Нивото на батерија е слабо. Трепка во црвена и зелена боја наизменично. Регистрирање во тек. Трепка во зелена боја по еднаш на секои две секунди. Во тек е повторно поврзување со ТВ-уредот. Свети во зелена боја три секунди. Регистрацијата или повторното поврзување се успешно извршени.
Регистрирање Прво регистрирање Извршете прво регистрирање кога ги користите 3Дочилата за првпат. 1. Вклучете го ТВ-уредот за да гледате. 2. Лизгајте го преклопникот од OFF положба на ON положба. 3Д-очилата ќе се вклучат и регистрацијата ќе почне. Поставете ги 3Д-очилата на оддалеченост од 50 см од ТВ-уредот додека трае регистрацијата. см 3. Доколку регистрацијата е успешно извршена, зелената LED светилка на 3Д-очилата ќе свети три секунди.
Македонски Чување и чистење Чистете користејќи мека, сува крпа. Доколку ги бришете 3Д-очилата со мека крпа што е прекриена со прав или нечистотија, можете да ги изгребете очилата. Пред да ја користите крпата, истресете го правот од неа. Не користете бензин, растворувач или восок на 3Д-очилата, доколку ги користите може да дојде до лупење на бојата. Не воденете ги 3Д-очилата во течност како вода додека ги чистите. Избегнувајте да ги чувате 3Д-очилата на топли места или на места со голема влажност.
Предупредување Не поставувајте ги отстранетите батерии, завртките и другите предмети во дофат на мали деца. Случајното голтање на некој од овие предмети може да има штетен ефект врз телото. Доколку мислите дека таков предмет бил голтнат, веднаш обратете се на лекар. Доколку течноста дојде во допир со вашето тело или со вашата облека, тоа може да предизвика воспаление на кожата или повреда. Исплакнете доволно со чиста вода, а потоа консултирајте се со лекар.
Македонски 2. Наведнете ја рамката внатре и повлечете ја од страничната поклопка. Доколку е тешко да се отстрани, внесете шрафцигер со рамно сечило (минус ) и извлечете го со сила. 3. Извадете ја батеријата и отстранете ја од 3Д-очилата сечејќи ги жиците со ножици една по една. Изолирајте ги деловите со жица од отстранетата батерија со целофан-лента. Батерија НАПОМЕНА Бидете особено внимателни кога го правите сето ова за да не се повредите. Не оштетувајте ја или не демонтирајте ја батеријата.
Решавање проблеми/ прашања и одговори Прво, проверете го следново. Доколку со тоа не го решите проблемот, ве молиме обратете се на местото на продажба. 3Д-очилата не можат да се регистрираат на ТВ-уредот. Сликите не се 3Д. Дали ТВ-уредот е регистриран со 3Д-очилата? Извршете регистрација со ТВ-уредот за да гледате ( страница 9). Дали режимот на 3Д-очила е поставен на 3Д? Лизгајте го преклопникот во MODE положба еднаш за да го смените режимот помеѓу 3Д и 2Д.
Батеријата не се полни или кога е наполнета времето на работење е кратко. Македонски Дали кабелот за полнење е правилно поврзан? Осигурајте се дека кабелот за полнење е правилно поврзан. Дали телевизорот е исклучен? Вклучете го телевизорот и полнете ја батеријата. Батеријата е на крајот од својот животен век. Доколку времето на работење е многу кратко дури и кога батеријата е наполнета, батеријата е на крајот од својот животен век. Ве молиме, консултирајте се во местото каде што сте го купиле производот.
Димензии (не е вклучен делот за нос) Модели Широчина 167,7 мм Височина 42,2 мм 42,2 мм 170,7 мм 167,6 мм Вкупна должина Тежина Приближно 27 г 160,5 мм Приближно 27 г Време на работење/време на полнење По подолго користење, капацитетот на батеријата се намалува и времето на работење се намалува. Можеби полнењето ќе трае подолго, во зависност од тоа каде и колку долго била чувана батеријата. Бројките што се наведени погоре важат при испораката од фабриката и не се гаранција при работењето.
Информација за корисниците околу одложување на електричниот отпад и електронската опрема (приватни домаќинства) Македонски Овие симболи на производите, пакувањето и/или придружните документи значат дека искористените електронски производи и батерии не треба да се мешаат со обичниот отпад од домаќинството. Ве молиме, одложувајте ги овие предмети само во специјализираните национални собиралишта за електронски отпад, а не во вообичаените канти за отпад.