MK МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА NA-148GB1 / NA-127GB1 / NA126GB1 / NA-107GC1 ( За домашна употреба ) Ви благодариме што го купивте овој уред. - За најдобри перформанси и безбедност, ве молиме прочитајте ги внимателно овие упатства. - Пред да го поврзете, да управувате со него или слично, ве молиме прочитајте ги целосно упатствата. Ве молиме чувајте го овој прирачник за во иднина.
СОДРЖИНА 4 ПОГЛАВЈЕ-1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ • Правилна употреба..................................................6-7 • Општи предупредувања.................................8-9-10-11 • Безбедносни предупредувања........12-13-14-15-16-17 • Пакување и животна средина...................................18 • Информации за заштеда............................................19 ПОГЛАВЈЕ-2: ПРЕГЛЕД НА УРЕДОТ • Изглед на уредот...................................................
СОДРЖИНА 5 ПОГЛАВЈЕ-5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА • Поделба на алиштата................................................38-39 • Ставање на алишта во машина....................................40 • Ставање на детергент во машина................................41 • Управување со машината....................................42-43-44 • Помошни функции.....................................45-46-47-48-49 • Детско заклучување.........................................................
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (ПРАВИЛНА УПОТРЕБА) 6 • Прочитајте го упатството за употреба. • Вашата машина е наменета за домашна употреба. Трговска употреба на уредот ќе ја поништи гаранцијата. ・Чувајте ги миленичињата подалеку од машината. ・Ве молиме проверете ја амбалажата на машината пред инсталација, и надворешната површина откако уредот е отпакуван. Не управувајте со оштетени машини или машини со отворена амбалажа. ・Машината нека ви ја инсталира овластен сервис.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (ПРАВИЛНА УПОТРЕБА) 7 • Користете ја машината само за алишта кои се означени како соодветни за перење од производителот. • Пред управување со машината, извадете ги 4 шрафа за транспорт и гумените одвојувачи од задната страна на машината. Ако шрафовите не се извадат, може да се предизвика големи вибрации, бучава и дефект на производот (поништување на гаранцијата).
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) 8 • Потребната собна температура за идеално работење на вашата машина е 15-25°. • Замрзнати црева може да пукнат и да експлодираат. Во предели каде што температурата е под нулата, собната температура може да го загрози безбедното работење на електронската картичка. • Ве молиме осигурете се дека алиштата кои ќе ги ставите во машината не содржат одредени предмети (шајки, игла, монети, запалка, кибрит, шнола итн.) во џебовите.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) • Бидејќи детергентот или омекнувачот кога се изложени на воздух долго време можат да предизвикаат остатоци на алиштата, ставајте го детергентот и омекнувачот на почетокот на секое перење. • Препорачливо е да ја исклучите машината и да го затворите доводот на вода ако не ја користите машината подолг период. Исто така, оставете ја вратата од машината отворена за да се спречи формирање на лоши мириси поради влажноста.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) • Никогаш не ја отворајте преградата за детергент кога уредот работи. • Во случај на дефект, исклучете го прво уредот и потоа водата. Не се обидувајте да ја поправите машината сами, секогаш контактирајте овластен сервис. • Количината на алишта што ја ставате во машината за перење не треба да ја надмине означената максимална количина. • Никогаш немојте насилно да ја отворате вратата кога машината работи.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) • Ве молиме следете ги советите од производителот во врска со детергент/ средство за регенерација на ткаенината или слични производи во вашата машина. • Поставете ја машината на место каде вратата ќе може да биде целосно отворена. (Не ја поставувајте машината на места каде што вратата не може целосно да се отвори.) • Поставете ја машината на место каде што ќе може да има целосна вентилација и константна циркулација на воздухот.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) Мора да ги прочитате овие предупредувања. Така ќе можете да се заштитите себеси и вашите сакани од сериозни повреди и опасности. ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ! Не го допирајте цревото за одвод и вода бидејќи уредот достигнува високи температури додека работи.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) ОПАСНОСТ ОД СМРТ ПОРАДИ ЕЛЕКТРИЧНА СТРУЈА! • Не користете повеќебројни адаптери или продолжен кабел. • Не вклучувајте оштетени или скршени приклучоци. • Никогаш не го влечете кабелот кога го исклучувате од струја - секогаш фатете го приклучокот. • Не го туркајте и не го влечете приклучокот од струја со мокри раце за да спречите струен удар! • Никогаш не ја допирајте машината со мокри раце или стопала.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) Опасност од поплава! • Проверете дали водата тече брзо или не пред да го ставите одводното црево во лавабото. • Преземете ги потребните мерки за да спречите лизгање на цревото. • Прераното вклучување на цревото кога не е поставено правилно може да го измести цревото. Не дозволувајте сопирањето на приливот во мијалникот да го затне одводот.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) Опасност од пожар! • Не чувајте запаливи течности во близина на машината.. • Содржината на сулфур во отстранувачите на боја може да предизвика корозија. Поради тоа, никогаш не користете вакви материјали во вашата машина. • Никогаш не употребувајте производи кои содржат растворувачки материјал (како гас за миење) во машината. • Отстранете ги сите предмети од џебовите на алиштата (игли, спајалици, запалка, кибрит итн.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) Опасност од паѓање и повреда! • Не се качувајте на машината. Работната површина на машината може да се скрши и да се повредите. • Средете го цревото, кабелот и амбалажата од машината при инсталацијата за да избегнете опасност од сопнување и паѓање. • Не ја вртете машината наопаку или на страните. • Не ја кревајте машината со држење на деловите како фиоката за детергент или вратата. Овие делови може да се скршат и да се повредите.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ (БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА) Детска безбедност! • Не ги оставајте децата без надзор во близина на машината. Децата може да се заклучат во машината и да има опасност од смрт. • Стаклото на вратата и површината може да се многу топло кога машината работи. Поради тоа, допирање на машината може да предизвика изгореници на кожата на децата. • Чувајте ја амбалажата подалеку од деца.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ ПАКУВАЊЕ И ЖИВОТНА СРЕДИНА 18 Отстранување на амбалажата Амбалажата ја штити вашата машина од оштетување кое може да се случи при транспорт. Амбалажата е пријатна за животната средина бидејќи се рециклира. Материјалите кои се рециклираат овозможуваат заштеда на сурови материјали и се намалува создавањето на отпад. Отстранување на старата машина Старите електрични уреди може уште да содржат делови кои се искористливи.
ПОГЛАВЈЕ -1: ПРЕД УПОТРЕБА НА УРЕДОТ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАШТЕДА Некои совети за поголема ефикасност на вашата машина: • Количината на алишта која ја ставате во машината не смее да ја надмине максималната означена количина. На овој начин, вашата машина ќе работи во режим кој заштедува. • Ако не ја користите функцијата предперење за малку валкани или нормално валкани алишта ќе се заштеди струја и вода.
ПОГЛАВЈЕ -2: ПРЕГЛЕД НА УРЕДОТ ИЗГЛЕД НА МАШИНАТА Електронски екран Селектор на програми Горен сад Фиока за детергент Сад Капак на филтерот за пумпата 20
ПОГЛАВЈЕ -2: ПРЕГЛЕД НА УРЕДОТ ИЗГЛЕД НА МАШИНАТА Безбедносен шраф за транспорт Вентил за довод на вода Црево за одвод Кабел за напојување Безбедносен шраф за транспорт Безбедносен шраф за транспорт Безбедносен шраф за транспорт 21
ПОГЛАВЈЕ -2: ПРЕГЛЕД НА УРЕДОТ ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ NA-148GB1 Напон на работа / фрекфенција (V/Hz) NA-127GB1 Максимум: 1 Mpa / Минимум: 0.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА ВАДЕЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ ШРАФОВИ ЗА ТРАНСПОРТ Пред да се управува со машината за перење, извадете ги 4 безбедносни шрафови за транспорт и гумените одвојувачи од задната страна на машината. Ако шрафовите не се извадат, може да има големи вибрации, бучава и дефект на уредот ( се поништува гаранцијата). Поради оваа причина, безбедносните шрафови може да се олабават со клуч со ротирање во насока обратна на стрелките на часовникот.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ВАДЕЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ ШРАФОВИ ЗА ТРАНСПОРТ) Безбедносните шрафови се вадат со извлекување. Ставете ги пластичните капачиња за безбедносните шрафови кои се во кесата за додатоци, ставете ги на местата каде што се извадени шрафовите. Шрафовите треба да се складираат за да се употребат во случај на транспорт. ЗАБЕЛЕШКА: Треба да ги извадите шрафовите од машината пред првата употреба.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НОГАРКИТЕ) 25 Приспособување на ногарките • Не го инсталирајте уредот на тепих или сличен под. • За осигурување на тивко работење без вибрации на машината, треба да се постави на цврст и нелизгав под. • Можете да ја подесите рамнотежата на машината преку ногарките. • Олабавете ги пластичните навртки за приспособување.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НОГАРКИТЕ) • Подесете ги ногарките нагоре и надолу со ротирање. • По подесување на рамнотежата, притиснете ја пластичната навртка повторно нагоре.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НОГАРКИТЕ) • Никогаш не поставувајте материјали како картон, дрво или слично под машината за стабилизирање на нерамнините на подот. • Кога го чистите подот каде е машината поставена, внимавајте да не ги дестабилизирате ногарките.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ЕЛЕКТРИЧНО ПОВРЗУВАЊЕ) • Вашата машина е подесена со 220-240V и 50Hz. • Главниот кабел на машината е опремен со посебен заземјен приклучок. Овој приклучок треба секогаш да се поставува во заземјен штекер од 10 ампери. Моменталната вредност на осигурувачот треба да биде 10 ампери. Вредноста на осигурувачот на енергетската линија која е поврзана со овој приклучок треба да биде исто 10 ампери.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ПОВРЗУВАЊЕ СО ДОВОДНО ЦРЕВО ЗА ВОДА) 29 10 mm • Црево за довод на вода Внимание - НЕ го приклучувајте цревото за довод на вода со комбинирана славина. - НЕ го виткајте, притискајте, модификувајте или сечете цревото. - Оптималниот притисок на водата е 0.1 1.0 MPa. Ако притисокот на водата ја надмине оваа вредност, инсталирајте вентил за намалување на притисок. 3/4” - Текот на водата од славината не треба да биде повеќе од 5 L/min. Поврзување на цревото за довод на вода 1.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ПОВРЗУВАЊЕ СО ДОВОДНО ЦРЕВО ЗА ВОДА) 30 Забелешка: Новите сетови на црева кои се во прилог со уредот треба да се употребат со машината. Не употребувајте стари црева.
ПОГЛАВЈЕ -3: ИНСТАЛАЦИЈА (ПОВРЗУВАЊЕ НА ОДВОД) 31 • Крајот на цревото за одвод може да се поврзе со посебен апарат директно поврзан со дупка за одвод на валкана вода или со надворешно поврзување на мијалникот. • Никогаш не се обидувајте да го продолжите одводното црево со поврзување. • Не го ставајте одводното црево на вашата машина во сад, кофа или мијалник. • Осигурете се дека одводното црево не е свиткано, згмечено, притиснато или продолжено.
ПОГЛАВЈЕ -4: ВОВЕД ВО КОНТРОЛНАТА ТАБЛА Селектор на програми Електронски екран и дополнителни функции Фиока за детергент 32
ПОГЛАВЈЕ -4: ВОВЕД ВО КОНТРОЛНАТА ТАБЛА (ФИОКА ЗА ДЕТЕРГЕНТ) 33 Можете да користите сад за ниво на течен детергент кога сакате да ги исперете алиштата со течен детергент. Можете да користите течен детергент со сите програми без пред-перење. (Следете ги препораките на производителот за дозирање на течниот детергент). Не го надминувајте нивото MAX, користете го само за течен детергент, не го користете овој апарат за прашок, тогаш извадете го.
ПОГЛАВЈЕ -4: ВОВЕД ВО КОНТРОЛНАТА ТАБЛА (ФИОКА ЗА ДЕТЕРГЕНТ) ДЕЛОВИ Главна преграда за детергент за перење: Во оваа преграда, може да се користат детергенти (течен или прашок), средство против бигор и слично. Можете да го најдете садот за нивоа на течен детергент во машината при инсталацијата. Преграда за регенератор, штирак, детергент: Можете да користите омекнувач за вашите алишта (препорачана количина и тип според препораките на производителот).
ПОГЛАВЈЕ -4: ВОВЕД ВО КОНТРОЛНАТА ТАБЛА (БИРАЊЕ НА ПРОГРАМА) • Можете да изберете програма со која сакате да перете со селекторот на програми. • Можете да ја подесите програмата со ротирање на селекторот во двете насоки. • Осигурете се дека селекторот е на програмата која сакате да ја изберете.
ПОГЛАВЈЕ -4: ВОВЕД ВО КОНТРОЛНАТА ТАБЛА (ЕЛЕКТРОНСКИ ЕКРАН) 36 Електронски екран Екран за ниво на перење Дигитален екран Екран за функции Симбол за помошна функција Копче Старт/Пауза Копче за Лесно пеглање Помошна функција за одложен старт Rpm копче за подесување на брзина Копче за подесување на температура на вода
ПОГЛАВЈЕ -4: ВОВЕД ВО КОНТРОЛНАТА ТАБЛА (ЕЛЕКТРОНСКИ ЕКРАН) 37 На електронскиот екран, можете да ја видите температурата на водата за перење, брзината на центрифуга, кога машината ќе заврши со перење, помошните функции кои сте ги избрале и во која фаза е програмата која сте ја избрале ( пред-перење/перење плакнење центрифуга) Згора на тоа, електронскиот екран ќе ве предупреди со симболи за дефекти на екранот кога ќе се појави дефект во машината.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (ПОДЕЛБА НА АЛИШТАТА) • Вашите алишта имаат на нив етикети кои даваат податоци за спецификации. Перете и сушете ги алиштата според спецификациите на етикетите. • Поделете ги алиштата според нивниот тип (памук, синтетика, чувствителни, волнени, итн.), според температурата на перење (ладно, 30°, 40°, 60°, 90°) и степенот на валканост (малку валкани, валкани, многу валкани). • Никогаш не ги перете шарените и белите алишта заедно.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (ПОДЕЛБА НА АЛИШТАТА) Дозволено е белеење Максимална температура на пеглање е 150°C Не е дозволено белеење Максимална температура на пеглање е 200°C Нормално перење Не е дозволено пеглање Дозволено е суво чистење Суво чистење не е дозволено Закачете го кога е мокро Закачете го за сушење Не е дозволено сушење со центрифуга P A F Суво сушење со нафтен гас, чист алкохол, и R113 е дозволено Перхлороетилен R11, R13, Петролеум Оставете го на рамн
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (СТАВАЊЕ АЛИШТА ВО МАШИНАТА) 40 • Отворете ја вратата од машината. • Ставете ги алиштата во машината. ЗАБЕЛЕШКА: Максималниот капацитет на полнење може да се разликува зависно од алиштата кои се перат, нивото на валканост и програмата која сте ја избрале. Не го надминувајте максималниот капацитет на суви алишта кој е означен на табелата со програми.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (СТАВАЊЕ ДЕТЕРГЕНТ ВО МАШИНАТА) 41 41 Количината на детергент што ја ставате во машината ќе зависи од следните критериуми: • Употребата на детергент ќе зависи од нивото на валканост на вашите алишта. Немојте премногу да ги перете малку валканите алишта и ставете мала количина на детергент во втората преграда од фиоката.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (УПРАВУВАЊЕ СО МАШИНАТА) • Приклучете ја машината во струја. • Отворете ја славината. • Отворете ја вратата од машината. • Ставете ги алиштата во машината. • За затворање на вратата, турнете додека не слушнете звук на заклучување. Избирање на програма Изберете соодветна програма за вашите алишта со селекторот на програми.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (УПРАВУВАЊЕ СО МАШИНАТА) 43 ПОМОШНИ ФУНКЦИИ Пред започнување на програмата, можете да изберете помошна функција. • Притиснете на копчето за помошната функција која сакате да ја изберете. • Ако помошната функција постојано трепка на електронскиот екран, помошната функција која сте ја избрале ќе се активира. • Ако помошната функција која сте ја избрале трепка на електронскиот екран, таа нема да се активира.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (УПРАВУВАЊЕ СО МАШИНАТА) СИСТЕМ ЗА ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ПОЛОВИНА ПОЛНЕЊЕ Вашата машина има функција за систем за детектирање на половина полнење. Во случај да ставите половина или повеќе алишта од максималниот капацитет на машината, вашата машина ќе работи така што ќе заштеди време, потрошувачка на вода и енергија во некои програми. Кога оваа функција е активна, машината може да ја заврши програмата која сте ја подесиле порано.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА ПОМОШНИ ФУНКЦИИ 1- Бирање на температура Можете да ја изберете температурата на водата за перење со копчето за подесување. Кога и да изберете нова програма, максималната температура на водата е прикажана на екранот за температура. Temp. Можете постепено да ја намалите температурата на водата меѓу максималната температура и ладно перење (--) со притискање на копчето за подесување на температурата.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА ПОМОШНИ ФУНКЦИИ 2- Бирање на брзина на центрифуга Можете да ја подесите брзината на центрифугата за вашите алишта со копчето за подесување на брзина. Кога избирате нова програма, максималниот број на вртежи во минута на програмата која сте ја избрале ќе се прикаже на екранот. Можете да изберете опции како исклучена центрифуга (--) или максимална брзина на центрифуга на избраната програма со притискање на копчето за подесување.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА ПОМОШНИ ФУНКЦИИ 47 3- Одложен старт Со употреба на оваа помошна функција, можете да го подесите времето кога сакате вашата машина да започне со перење. Ова време може да се разликува од 1 до 23 часа. За употреба на функцијата за одложен старт: Temp. Spin Delay Easy Ironing Start/Pause Одложување - Притиснете еднаш на копчето "Timer". - На екранот ќе се појави “1 h”. - Симболот екран.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА ПОМОШНИ ФУНКЦИИ Ако сте го прескокнале времето кое сакате да го подесите, можете да се вратите на саканиот одложен старт со притискање на копчето "Timer". Ако сакате да го прекинете одложениот старт, притиснете еднаш на "Timer". Симболот нема повеќе да трепка на електронскиот екран. За вклучување на оваа функција, вашата машина треба да се ракува со копчето Старт/Пауза.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА ПОМОШНИ ФУНКЦИИ 49 5- Старт/Пауза копче Со притискање на Старт/Пауза, можете да ја започнете програмата која сте ја избрале или да запрете програма во тек. Ако ја ставите машината во режим на мирување, показателот за Старт/ мирување на електронскиот екран ќе трепка. Temp.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА 50 АЛИШТА (ДЕТСКО ЗАКЛУЧУВАЊЕ) За да избегнете прекин на програмата кога машшината работи поради вртење на селекторот на програми или ако се притиснат копчиња за помошните функции , достапна е функција за детско заклучување. Може да се активира детско заклучување со притискање на копчињата "Timer" и "Easy Iron" истовремено повеќе од 3 секунди. Одложување Лесно пеглање Симболот „‟CL‟‟ ќе трепка на екранот кога оваа функција ќе се активира.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА (ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРОГРАМА) 51 Ако сакате да прекинете програма во тек: 1- Свртете го селекторот на програми на позиција “OFF”. 2- Вашата машина ќе запре со перење и програмата ќе се прекине. 3- За празнење на насобраната вода во машината свртете го селекторот на програми на било која програма. 4- Вашата машина ќе го изврши потребното празнење и ќе ја прекине програмата. 5- Можете да ја вклучите машината со избирање на нова програма.
ПОГЛАВЈЕ -5: ВОВЕДНА ПОДГОТОВКА ЗА ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМА 52 Вашата машина ќе запре наскоро со работење штом заврши програмата која сте ја избрале. - Зборот “END” ќе трепка на екранот. - Можете да ја отворите вратата од машината и да ги извадите алиштата. - Оставете ја вратата од машината отворена за да го оставите внатрешниот дел од машината да се исуши откако ќе ги извадите алиштата. - Свртете го селекторот на програми на позиција OFF. - Исклучете ја машината од струја.
ПОГЛАВЈЕ -6: ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ Програма Темп.
ПОГЛАВЈЕ -6: ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ Програма Времетраење на програма (min) Тип на алишта / Опис NA-148GB1 NA-127GB1 NA-107GC1 NA-126GB1 Многу валкани памучни и ленени (пешкири NA-148GB1 макс.4,0 Kg/ NA127GB1 & NA-107GC1 макс. 3,5 Kg/ NA126GB1 макс.
ПОГЛАВЈЕ -6: ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ ЗАБЕЛЕШКА: Бидејќи перењето трае пократко, потребна е помала количина на детергент да се употреби, во споредба со други програми. Траењето на програмата ќе се зголеми ако машината детектира неправилно полнење. Можете да ја отворите вратата на машината 2 минути откако ќе се заврши перењето. (Периодот од 2 минути кои се потребни пред да ја отворите вратата од машината не се вклучени во траењето на периодот на перење.
ПОГЛАВЈЕ -7: ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ВАШАТА МАШИНА (ПРЕДУПРЕДУВАЊА) Исклучете ја машината од струја пред да вршите чистење и одржување на машината. Исклучете ја славината пред да вршите чистење и одржување на машината. ВНИМАНИЕ: Деловите на вашата машина може да се оштетат ако се употребуваат средства за растворање при чистењето. Не користете средства за чистење со растворливи состојки.
ПОГЛАВЈЕ -7: ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ВАШАТА МАШИНА (ФИЛТРИ ЗА ДОВОД НА ВОДА) Филтри кои спречуваат нечистотии и одредени супстанци да навлезат во машината има на страната на славината и на краевите на вентилите за вода кај цревата за довод на вода на машината. Ако машината не прима доволно вода и покрај тоа што славината е отворена, овие филтри треба да се исчистат. (Препорачливо е да се чисти филтерот на пумпата еднаш на два месеци) • Извадете ги цревата за довод на вода.
ПОГЛАВЈЕ -7: ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ВАШАТА МАШИНА (ФИЛТРИ НА ПУМПА) Машината има систем на филтри кои спречуваат купчиња конци и други ситни предмети да навлезат во пумпата при празнење, и со тоа го продолжуваат траењето на пумпата за одвод. Препорачливо е да го чистите филтерот на пумпата еднаш на секои 2 месеци. За чистење на филтерот: • За отворање на капакот на пумпата, можете да го користите садот за нивоа на течен детергент од фиоката за детергент.
ПОГЛАВЈЕ -7: ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ВАШАТА МАШИНА (ФИЛТРИ НА ПУМПА) • Исчистете го филтерот со четка. • Откако ќе го исчистите филтерот, ставете го капакот и стегнете го со вртење во насока на стрелките на часовникот. • Кога ќе го затворате капакот на пумпата, осигурете се дека деловите на внатрешната страна од капакот се поклопува со дупчињата на предниот панел. • Можете да го вратите капакот на пумпата во обратната насока од тоа како го извадивте.
ПОГЛАВЈЕ -7: ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ВАШАТА МАШИНА (ФИОКА ЗА ДЕТЕРГЕНТ) Вашиот детергент може со текот на времето да остави остатоци во фиоката и куќиштето на фиоката. За чистење на формираните остатоци, ви препорачуваме да го чистите филтерот на пумпата на секои два месеци. За вадење на фиоката за детергент: • Извлечете ја фиоката до крај • Продолжете да влечете со притискање на фиоката на прикажаниот дел подолу и продолжете да влечете и потоа извадете ја фиоката за детергент.
ПОГЛАВЈЕ -8: ЗАПИРАЊЕ НА ПРИЛИВ / КУЌИШТЕ / БАРАБАН 6 Запирање на прилив Расклопете ја фиоката за детергент. Расклопете го делот а запирање на прилив и исчистете ги целосно остатоците од омекнувач. Вратете ги деловите на место откако ќе исчистите. Проверете дали правилно е вратено на место. Куќиште Исчистете го надворешниот дел од куќиштето на машината со млака вода и незапаливо средство за чистење што нема да ја оштети површината на машината. По плакнењето со вода, исушете со мека сува крпа.
ПОГЛАВЈЕ -9: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА 6 Сите поправки треба да се вршат од овластени техничари. Ако вашата машина има потреба од поправка или ако вие не можете да ги поправите дефектот со помош на дадениве информации: • • Исклучете ја машината. Исклучете ја славината. ДЕФЕКТ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ Не е вклучена. Приклучете ја. Прегорен осигурувач. Сменете го осигурувачот. Машината не започнува со работа Исклучена струја. Проверете ја струјата. Копчето Старт/Пауза не е притиснато.
ПОГЛАВЈЕ -9: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ДЕФЕКТ МОЖНА ПРИЧИНА Цревото за одвод е затнато или превиткано. Машината не празни вода. Машината вибрира. Филтерот на пумпата е затнат. Алиштата не се еднакво распоредени во машината. Ногарките на машината не се еднакво приспособени. Безбедносните шрафови за транспорт не се извадени. 6 РЕШЕНИЕ Проверете го одводното црево, или исчистете го или одвиткајте го. Исчистете го филтерот на пумпата (*).
ПОГЛАВЈЕ -9: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ДЕФЕКТ Се формира многу пена во фиоката за детергент. МОЖНА ПРИЧИНА Употребена е преголема количина на детергент. Се употребил погрешен детергент. Незадоволителни резултати од перењето. РЕШЕНИЕ Притиснете Старт/ Пауза за да се прекине со формирање на пена, измешајте лажица омекнувач со половина литар вода, и истурете ја мешавината во фиоката за детергент. По 5-10 минути, пак притиснете на Старт/ Пауза.
ПОГЛАВЈЕ -9: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ДЕФЕКТ МОЖНА ПРИЧИНА Водата е тврда. ( Нечиста, вода со бигор итн.) Незадоволителни резултати од перењето Алиштата не се еднакво распоредени во машината. РЕШЕНИЕ Приспособете ја количината на детергент врз основа на упатствата од производителот Распоредете ги алиштата еднакво во машината Штом машината се полни со вода, таа се празни. Крајот на одводното Подесете го црево е многу ниско за одводното црево на машината. соодветна висина.
ПОГЛАВЈЕ -9: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ДЕФЕКТ Центрифугата не се одвива или доцни. МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ Системот за контрола на небалансирано полнење ќе се обиде да ги распореди еднакво Не е дефект. Системот за контрола алиштата.Центрифугата ќе започне откако на небалансирано полнење е активиран. алиштата се распоредени. Поставете ги алиштата во машината рамномерно наредниот пат.
Поглавје -10: АВТОМАТСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ДЕФЕКТ И ШТО ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ 7 Вашата машина е опремена со систем кој е способен да ги преземе соодветните мерки и да ве предупреди во случај на дефект преку постојани проверки за време на перењето. КОД НА ДЕФЕКТ МОЖНА ПРИЧИНА ШТО ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ Вратата на машината е оставена отворена. Затворете ја машината. Ако продолжи да прикажува дефект, исклучете ја машината, и од струја и веднаш контактирајте го најблискиот овластен сервис.
ОПИС НА ЕТИКЕТАТА ЗА ЕНЕРГИЈА И ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА Модел Бренд Енергетска класа Енергетска потрошувачка Вредноста на бучава при перење Вредноста на бучава при центрифуга Класа на центрифуга Капацитет на суви алишта Годишна потрошувачка на вода
ОПИС НА ЕТИКЕТАТА ЗА ЕНЕРГИЈА И ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА Потрошувачката на вода и енергија може да се разликува врз основа на притисокот на вода, тврдоста на водата, температура на водата, собната температура, количина на алишта, избирање на дополнителни функции, флуктуации во напонот. За намалување на потрошувачката на енергија и вода, следете ги советите за предложен капацитет на алишта за избраната програма, перете малку валкани алишта со кратки програми и одржувајте ја и чистете ја машината.
ОПИС НА ЕТИКЕТАТА ЗА ЕНЕРГИЈА И ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА 7 NA-127GB1 - NA-107GC1 Прпграма Памучни 90˚С Памучни+Пред переое Памучни Екп 20˚С Переое Лесна нега Вплнени Плакнеое Нега прптив алергии Центрифуга Деликатни Сппртска пблека Мешани Кпшули Брза Брза 15 Исклученп Температура Пплнеое Пптрпшувачка на струја 2,36 kWh 1,70 kWh Пптрпшувачка на впда 85 Л 90 Л Време 90˚С 60˚С 7 кг 7 кг 180 мин. 171 мин.
Отстранување на стара опрема само за Европска Унија и земји со системи за рециклирање 7 Овој симбол на производите, пакувањето и/или документите значи дека употребените електрични и електронски производи не смеат да се мешаат со обичен домашен отпад. За соодветен третман, обнова и рециклирање на стари уреди, ве молиме однесете ги на соодветно место за собирање на вакви уреди во согласност со државното законодавство.
Препорачан детергент во согласност со Регулативата (EU) No. 1015/2010 Изберете го соодветниот детергент за подобри резултати.
Машини за перење за домашна употреба Урнек на производот EU/1061/2010 Име на добавувач Panasonic Идентификатор на моделот на добавувачот NA-127GB1 Пресметан капацитет за памучни за стандардна памучна еко програма на 60°C со цело полнење во кг Класа на енергетска ефикасност 7 A+++ Пресметана годишна потрошувачка на струја* kWh / год.
Машини за перење за домашна употреба Урнек на производот EU/1061/2010 Име на добавувач Panasonic Идентификатор на моделот на добавувачот NA-107GC1 Пресметан капацитет за памучни за стандардна памучна еко програма на 60°C со цело полнење во кг Класа на енергетска ефикасност 7 A++ Пресметана годишна потрошувачка на струја* kWh / год.
Машини за перење за домашна употреба Урнек на производот EU/1061/2010 Име на добавувач Panasonic Идентификатор на моделот на добавувачот NA-126GB1 Пресметан капацитет за памучни за стандардна памучна еко програма на 60°C со цело полнење во кг Класа на енергетска ефикасност 6 A+++ Пресметана годишна потрошувачка на струја* kWh / год.
Машини за перење за домашна употреба Урнек на производот EU/1061/2010 Име на добавувачот Panasonic Идентификатор на моделот на добавувачот NA-148GB1 Пресметан капацитет на памучни за стандардната памучна еко програма на 60°C со цело полнење во кг Класа на енергетска ефикасност 8 A+++ Пресметана годишна потрошувачка на струја* kWh / год.