User Manual

154 МАКЕДОНСКИ
ПОСТАПКА ЗА ЗАМЕНА НА
НАЗАБЕНАТА ПИЛА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го
алатот и отстранете ја батеријата пред да го
заменувате сечилото за да спречите случајно
вклучување што би довело до сериозни
телесни повреди.
Сл.10: 1. Капак на назабена пила 2. Завртка
3. Шајбна 4. Водилка на назабена пила
5. Назабена пила 6. Излезен запченик
(конвексен дел) 7. Завртка за држење на
капакот на назабената пила
Како да ја отстраните назабената
пила
Отстранување на назабената пила
Сл.11: 1. Притиснете (копче за заклучување)
1. Отстранете ги завртките за држење на капакот
на назабената пила (4 парчиња) со шестоаголен
клуч.
2. Отстранете го капакот на назабената пила.
3. Вметнете го шестоаголниот клуч во завртката
којашто ја држи водилката на назабената пила.
4. Притиснете го копчето за заклучување и
користејќи го шестоаголниот клуч како рачка,
завртете го сечилото на назабената пила додека
истото не може повеќе да ротира поради копчето за
заклучување.
ВНИМАНИЕ: Осигурете се дека копчето
за заклучување е целосно притиснато. Ако не
е, шестоаголниот клуч ќе може да ротира и да
предизвика телесна повреда.
5. Кога назабената пила е заклучена, свртете
го шестоаголниот клуч спротивно од стрелките на
часовникот за да го олабавите и да ги отстраните
завртката и шајбната.
6. Отстранете ја водилката на назабената пила и
назабената пила.
Како да ја замените назабената
пила
ВНИМАНИЕ: Користете само назабена
пила обезбедена од Makita. Ако повторно
користите назабена пила, осигурете се дека не
е истрошена, нерамна или оштетена.
ВНИМАНИЕ: Исчистете ги и отстранете ги
сите остатоци и нечистотијата од назабената
пила и останатите делови. Остатоците и
нечистотијата може да ја дебалансираат
назабената пила, така што ќе се ниша за време
на сечењето.
Заменете ја назабената пила
Сл.12: 1. Притиснете (копче за заклучување)
1. Наместете ја назабената пила врз излезниот
запченик, осигурувајќи се дека отворот во фланшата
е соодветно порамнет со клучот.
2. Заменете ја назабената пила.
3. Заменете ги завртката и шајбната.
4. Целосно притиснете го копчето за заклучување
за да спречите назабената пила да ротира и
затегнете ја завртката со шестоаголниот клуч.
ВНИМАНИЕ: Осигурете се дека копчето
за заклучување е целосно притиснато. Ако не
е, шестоаголниот клуч ќе може да ротира и да
предизвика телесна повреда.
5. Заменете го капакот на назабената пила.
6. Затегнете ги завртките за држење на капакот
на назабената пила (4 парчиња) со шестоаголен
клуч.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и дали батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Сл.13: 1. Капак за прав
Извадете го капакот за прав од отворот за
проветрување и исчистете го за да се добие
правилна циркулација на воздухот.
ВНИМАНИЕ: Исчистете го капакот за прав
кога ќе се затне. Ако продолжите со работа со
затнат капак за прав, може да се оштети алатот.