User Manual
151 МАКЕДОНСКИ
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални
батерии на Makita. Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1. Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2. Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3. Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C (50°F - 104°F).
Дозволете загреаната касета за батерија да
се олади пред да ја ставите на полнење.
4. Полнете ја касетата за батеријата доколку не
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
ИМИЊА НА ДЕЛОВИТЕ
► Сл.1: 1. Батерија 2. Мотор 3. Држач на вреќата
за прав 4. Штекер 5. Водилка 6. Назабена
пила 7. Рачка 8. Копче за заклучување
9. Прекинувач
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ: Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ: Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ: Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.2: 1. Копче 2. Црвен индикатор 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е целосно блокирана во место.
ВНИМАНИЕ: Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ: Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
(литиум-јонска батерија со ознака
на ѕвезда)
► Сл.3: 1. Ознака на ѕвезда
Литиум-јонските батерии со ознака на ѕвезда
се опремени со заштитен систем. Овој систем
автоматски го прекинува напојувањето на алатот
за да го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што предизвикува
тој да повлекува ненормално висока електрична
енергија. Во оваа ситуација, отпуштете го
прекинувачот за стартување на алатот и прекинете
со примената што предизвикала преоптовареност
на алатот. Потоа повлечете го прекинувачот за
стартување повторно за рестартирање на алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана. Во
таква ситуација, оставете ја батеријата да се олади
пред повторно да го повлечете прекинувачот за
стартување.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал
и алатот не може да работи. Во оваа ситуација,
извадете ја и наполнете ја батеријата.
РАБОТНА ПОСТАПКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред батеријата
да се вметне во алатот, осигурете се дека
прекинувачот е во позиција „О“ и дека е
исклучен.