Manual

20
СОСТАВУВАЊЕИПОДГОТОВКА
ENG
МАКЕДОНСКИ
y Прво откачете го напојувањето и дури
потоа преместувајте го и монтирајте го
телевизорот. Во спротивно може да дојде
до електричен удар.
y Користете наменски кабел за напојување.
Немојте да го модификувате или
продолжувате кабелот за напојување.
y Ако телевизорот го монтирате на таван
или закосен ѕид, тој може да падне и да
предизвика сериозни повреди.
Користете авторизиран LG носач за ѕид и
обратете се до локалниот продавач или
квалификувано лице.
y Немојте премногу да ги затегнувате
завртките бидејќи тоа може да предизвика
оштетување на телевизорот и да ја
поништи вашата гаранција.
y Користете завртки и носач за на ѕид кои
ги задоволуваат VESA стандардите. Какви
било оштетувања или повреди настанати
заради погрешна употреба или користење
на несоодветен елемент не се опфатени
со гаранцијата.
ВНИМАНИЕ
y Користете завртки кои се наведени во
спецификациите за VESA стандардни
завртки.
y Комплетот за монтирање на ѕид вклучува
упатство за инсталирање и неопходни
делови.
y Носачот за прицврстување на ѕид е
опционален. Дополнителна опрема
можете да набавите од вашиот локален
продавач.
y Должината на завртките може да се
разликува во зависност од носачот за на
ѕид. Внимавајте да користите соодветна
должина.
y За повеќе информации, погледнете во
упатството испорачано со носачот за на
ѕид.
(Во зависност од моделот)
y За да го заштитите екранот (гребнатини,
отпечатоци од прсти), ставете го
телевизорот на рамна маса без да ја
отстранувате завитканата кеса.
y Откако ќе ја отстраните завитканата
кеса на задната страна од телевизорот,
инсталирајте го телевизорот во согласност
со упатството испорачано со носачот за
монтирање на ѕид.
y По инсталирањето на телевизорот
отстранете ги заштитните облоги.
ЗАБЕЛЕШКА