Manual
26
ОДРЖУВАЊЕ
ENG
МАКЕДОНСКИ
ОДРЖУВАЊЕ
Чистење на телевизорот
Редовно вршете чистење на вашиот телевизор за да добиете најдобри перформанси и да го продолжите
работниот век.
y
Прво, не заборавајте да го исклучите напојувањето и да го откачите кабелот за напојување и сите
други кабли.
y
Кога телевизорот треба да биде оставен без надзор или нема да се користи подолго време, откачете
го кабелот за напојување од ѕидниот штекер за да спречите можно оштетување од гром или струјни
удари.
ВНИМАНИЕ
Екран, рамка, куќиште и држач
y
За да извршите отстранување на прав и мали нечистотии, избришете ја површината со сува чиста и мека
ткаенина.
y
За да извршите отстранување на поголеми нечистотии, избришете ја површината со мека ткаенина
натопена во чиста вода или разреден мек детергент. Веднаш потоа пребришете со сува ткаенина.
y
Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може да резултира во оштетување на екранот.
y
Немојте да ја триете или удирате површината на екранот со вашите нокти или остри предмети,
бидејќи тоа може да предизвика гребење на екранот и изобличување на сликата.
y
Немојте да користите какви било хемиски средства бидејќи тие може да го оштетат производот.
y
Немојте да прскате течност на површината. Доколку во телевизорот навлезе вода, може да дојде до
пожар, електричен удар или неисправност.
ВНИМАНИЕ
Кабел за напојување
Редовно отстранувајте ја акумулираната прашина и нечистотиите од кабелот за напојување.