Instruction Manual
16
ENG
МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА
Подигнување и
пренесување на
телевизорот
При пренесување или подигнување на
телевизорот, прочитајте ги следните
напатствија за да се спречи гребење или
оштетување на телевизорот и за безбедно
пренесување без оглед на видот и големината.
ВНИМАНИЕ
Избегнувајте секакво допирање на
екранот, бидејќи тоа може да резултира
во оштетување на екранот.
Се препорачува телевизорот да се
пренесува во кутијата или материјалот за
пакување во кои телевизорот оригинално
бил испорачан.
Пред преместување или подигнување
на телевизорот, откачете го кабелот за
напојување и сите кабли.
Кога го држите телевизорот, екранот треба
да биде завртен спротивно од вашето тело
за да се избегне оштетување.
Цврсто држете го горниот и долниот дел од
рамката на телевизорот. Внимавајте да не ги
држите проѕирниот дел, звучникот или делот
за решетка на звучникот.
При пренесување на голем телевизор,
потребно е учество на најмалку 2 лица.
При рачно пренесување на телевизорот,
држете го телевизорот како што е прикажано
на следната слика.
При пренесување на телевизорот, немојте да
го изложувате на нишање или прекумерни
вибрации.
При пренесување на телевизорот, задржете
го во исправена положба, никогаш немојте
да го завртувате странично или да го
накосувате налево или надесно.
Не применувајте прекумерен притисок кој би
предизвикал превиткување/закривување на
рамката на куќиштето, бидејќи тоа може да
го оштети екранот.