Instruction Manual
8
ENG
МАКЕДОНСКИ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Немојте да го вклучувате/исклучувате на уредот со вметнување или вадење
на струјниот кабел од штекерот на ѕидот. (Не употребувајте го приклучокот на
струјниот кабел како прекинувач.)
Тоа би можело да предизвика механичко оштетување или пак струен удар.
Следете ги упатствата за инсталирање наведени подолу за да се спречи
прегревање на производот.
- Растојанието меѓу производот и ѕидот треба да биде поголемо од 10 cm.
- Не вршете инсталирање на производот на места без вентилација (на пр. на
полица или шкаф).
- Немојте да го инсталирате производот на тепих или перница.
- Внимавајте отворот за вентилација да не е блокиран од покривка за маса
или завеса.
Во спротивно, тоа би можело да предизвика пожар.
Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при гледање на
телевизорот подолго време, бидејќи отворите за вентилација можат да
станат жешки. Ова не влијае врз функционирањето или перформансите на
производот.
Одвреме навреме проверете го кабелот на уредот и доколку забележите оштетување или
неисправност, исклучете го и прекинете со употребата на уредот додека не се замени
неисправниот дел од кабелот од страна на овластен сервисер.
Спречете собирање на прашина на приклучоците на електричниот кабел или
штекерот.
Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.
Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко оштетување, како
извиткување, всукување, приклештување, притиснување со врата, или
нагазување. Особено внимавајте на приклучоците, штекерите и местото каде
кабелот излегува од уредот.
Не притискате силно на панелот со рака или остар предмет, како нокт, молив
или пенкало, и не гребете го.
Избегнувајте допирање на екранот или задржување на прстите на него
подолго време. При ова може да се предизвикаат некои привремени ефекти
на изобличување на екранот.
При чистење на производот и неговите компоненти, прво откачете го кабелот
за напојување и потоа избришете го производот со мека крпа. Примена на
прекумерен притисок може да предизвика гребење или губење на бојата.
Не прскајте вода на производот и не бришете го со влажна крпа. Никогаш не
користете средства за чистење стакло, индустриски или средства за давање
сјај за автомобили, абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го
оштетат производот и неговиот панел.
Во спротивно може да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на
производот (деформација, корозија или кршење).
Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на
напојување иако можеби вие сте го исклучиле со ПРЕКИНУВАЧ.
При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете.
Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде до пожар.
При преместување на производот, внимавајте прво да го исклучите
напојувањето. Потоа, откачете ги каблите за напојување, антенските кабли и
сите кабли за поврзување.
Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат и да
предизвикаат пожар или електричен удар.