Owners manual

11
За да го проверите нивото на
наполнетост на батеријата:
• Допрете > Системски поставки
> За телефонот под СИСТЕМ >
Батерија
Статусот на батеријата (полнење
или празнење) и нивото (процент на
наполнетост) ќе бидат прикажани.
За надгледување и контрола на
трошењето на батеријата:
• Допрете > Системски поставки
> Заштеда на енергија од УРЕД
> категорија Користење на
батеријата под ИНФОРМАЦИИ ЗА
БАТЕРИЈА.
Времето на користење на батеријата
се прикажува на екранот. Тоа
покажува колку време е поминато од
последното поврзување на телефонот
на извор за напојување, или - доколку
сте поврзани во моментот, колку
долго сте ја користеле батеријата
последниот пат. На екранот се
прикажани апликациите или услугите
кои ја користат батеријата, подредени
во редослед од најголема кон најмала
потрошувачка.
3. Користење на фолдери
Можете да искомбинирате повеќе
икони на апликации во еден фолдер.
Пуштете една икона на апликација
врз друга на почетниот екран и двете
икони ќе се бидат искомбинирани.
ЗАБЕЛЕШКА: Откако ќе отворите
апликација, обично ќе можете
да ги прилагодите нејзините
поставки преку избирање на
елементи од нејзината икона за
мени која се наоѓа блиску до врвот
или дното на екранот.
4. Пред инсталирање на
апликации и ОС со отворен
изворен код
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку на вашиот телефон
инсталирате и користите ОС
различен од оној кој е обезбеден
од производителот, тоа може
да предизвика неправилно
функционирање на телефонот.
Дополнително, вашиот телефон
веќе нема да биде покриен со
гаранцијата.