Owners manual

Напатствија за безбедно и ефикасно користење
2
НАПАТСТВИЈА ЗА
БЕЗБЕДНО И ЕФИКАСНО
КОРИСТЕЊЕ
Ве молиме прочитајте ги овие
едноставни инструкции. Нивното
непочитување може да биде опасно или
противзаконско.
Изложување на
радиофреквентна енергија
Информации за изложување на
радиобранови и специфична
апсорпциона стапка (SAR). Овој мобилен
телефон - модел LG-P940 е дизајниран за
да ги задоволува безбедносните барања
за изложување на радиобранови. Овие
барања се базираат на научни упатства
кои вклучуваат граници на безбедност
потребни да ја гарантираат сигурноста
на сите лица, независно од нивната
возраст или здравствена состојба.
Во упатствата за изложување на
радиобранови се користи мерна
единица позната како специфична
апсорпциона стапка или SAR. Тестот за
SAR се спроведува со употребување на
стандардни методи при кои телефонот
емитува на највисокото потврдено
енергетско ниво на сите користени
фреквентни појаси.
Иако постојат разлики помеѓу нивото
на SAR кај различни модели на LG
телефони, сите тие се дизајнирани да
ги задоволат релевантните мерки за
изложување на радиобранови.
Границата на SAR препорачана од
Маѓународната комисија за заштита од
нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 2W/
kg во просек на 10 грама ткиво.
Највисоката вредност на SAR за овој
модел на телефон тестиран од DASY4
при поставување на уво изнесува
0,564 W/kg (10 g), а при поставеност на
тело изнесува 0,762 W/kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата
за RF изложеност при користење во
нормална позиција наспроти увото
или при поставување најмалку на
1,5 cm оддалеченост од телото. При
користење на футрола, прицврстувач
за ремен или држач за носење на
телото, тие не треба да содржат метал
и треба да бидат поставени најмалку
на 1,5 cm оддалеченост од телото. За
пренесување на податочни фајлови
или пораки, на овој уред потребно му
е квалитетно поврзување со мрежата.
Во некои случаи, пренесувањето
на податочни фајлови или пораки
може да биде одложено додека не
се воспостави такво поврзување.