Owners manual

LG-E900 | Упатство за користење
7
Користење на екранот на
допир
Совети за екранот на допир
Екранот на допир на вашиот
телефон ви овозможува избирање
на елементи или извршување на
функции. Погледнете ги основните
чекори за користење на екранот на
допир.
ЗАБЕЛЕШКА:
За да избегнете гребење на екранот
на допир, не користете остри
предмети.
Не дозволувајте екранот на допир да
дојде во контакт со други електрични
уреди. Електростатичните празнења
можат да предизвикаат неправилна
работа на екранот на допир.
Не дозволувајте екранот на допир да
дојде во контакт со вода. Екранот на
допир може неправилно да работи
во влажни услови или ако се изложи
на вода.
За оптимално користење на екранот
на допир, отстранете ја заштитната
фолија од екранот пред да почнете да
го користите телефонот.
Екранот на допир има слој кој ги
открива малите електрични полнења
кои ги емитува човечкото тело.
За најдобри перформанси, допирајте
го екранот на допир со врвот на
вашите прсти. Екранот на допир
нема да реагира на допири од остри
предмети, како што е перо или
пенкало.
ЗАБЕЛЕШКА:
Телефонот го исклучува екранот
на допир доколку не го користите
одреден период. За вклучување
на екранот, притиснете го копчето
[Напојување].
Исто така, можете да го прилагодите
времето на задно осветлување или
да ја промените сликата за заднина.
На почетниот екран, одете на Листата
на апликации и изберете Поставки >
Заклучување и слика за заднина.
Навигација низ вашиот телефон со Windows
LG-E900_VODA_Hungarian.indb 7 12/1/10 12:49 PM