Owners manual

Table Of Contents
30
Заклучување и отклучување на екранот
Ако телефонот не го користите одредено време, екранот автоматски
ќе се исклучи и ќе се заклучи. Ова помага да се спречат случајните
допирања и да се зачува енергијата на батеријата.
Кога не го користите телефонот, притиснете го копчето за напојување/
заклучување за да го заклучите телефонот.
Ако има програми кои се извршуваат кога ќе го заклучите екранот, тие
може да продолжат да се извршуваат во режимот на заклучување. Се
препорачува да се затворат сите програми пред да влезете во режим на
заклучување за да се избегнат непотребни трошоци (на пр. телефонски
повици, пристап до интернет и податочни комуникации).
За да го активирате телефонот, притиснете го копчето за напојување/
заклучување . Ќе се прикаже заклучен екран. Допрете и повлечете
во која било насока на заклучениот екран за да го отклучите почетниот
екран. Ќе се отвори последниот екран кој бил прикажуван.
Функција "Вклучи екран"
Можете да го заклучите или отклучите екранот преку едноставно
допирање двапати.
За активирање на функцијата "Вклучи екран"
1 Допрете > > картичката Апликации > Поставки >
картичката Општо > Потези.
2 Штиклирајте Вклучување/исклучување на екран.
Брзо допрете го двапати централниот дел на екранот за отклучување на
екранот. За да го заклучите екранот, допрете двапати на статусната лента
на кој било екран (освен на визирот на фотоапаратот) или на празниот
дел од почетниот екран.
Запознавање со вашиот телефон