Owners manual

Table Of Contents
21
6 Притиснете го копчето за напојување/заклучување уште еднаш
за да потврдите или кое било од копчињата за јачина на звук за
откажување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако извршите Хардверско ресетирање, сите кориснички апликации и податоци
како и DRM лиценците ќе бидат избришани. Не заборавајте да ги архивирате
сите важни податоци пред да извршите Хардверско ресетирање.
6. Отворање и префрлување меѓу апликации
Извршувањето на повеќе задачи со Android е едноставно, и можно
е истовремено извршување на повеќе од една апликација. Нема
потреба да затворите одредена апликација пред да отворите друга.
Користете повеќе отворени апликации и префрлувајте се помеѓу нив.
Android управува со сите апликации, запирајќи и активирајќи ги според
потребите за да се спречи непотребно трошење на ресурсите од страна
на неактивните апликации.
1 Допрете и задржете на копчето за почетна страница . Ќе се
прикаже листа на неодамна користените апликации.
2 Допрете ја апликацијата до која сакате да пристапите. Со ова нема да
се прекине претходната апликација која ќе се извршува во заднина
на телефонот. Не заборавајте да го допрете копчето Назад за да
затворите одредена апликација по нејзиното користење.
• За запирање на апликации, допрете Управувач со задачи од листата
на последни користени апликации, а потоа допрете Стоп или Запри сè.
• За отстранување на апликација од листата на последни користени
апликации, повлечете го прегледот на апликацијата налево или
надесно. За да ги избришете сите апликации, допрете Избриши сè.