Owners manual
122
Поставки
< ПАМЕТЕН ВКЛУЧЕНО >
Паметен екран – Штиклирајте за да спречите истекување на времето на
екранот кога уредот ќе детектира дека вашите очи гледаат кон екранот.
Паметно видео – Штиклирајте за паузирање на видео репродукцијата
кога уредот ќе детектира дека вашите очи не гледаат кон екранот.
< НАПРЕДНИ ПОСТАВКИ >
Светло за известување – Допрете го преклопникот за префрлување
помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата Вклучено ќе ја активира LED
светилката за избраните известувања, во боја поставена за секое од нив.
Исправка на сооднос на слика – Ви овозможува промена на соодносот
на сликата за преземените апликации за да се исправи изобличувањето
на екранот.
Општо
< Потези >
Вклучување/исклучување на екран – Штиклирајте за да овозможите
вклучување и исклучување на екранот преку функцијата "Вклучи екран".
Брзо допрете го двапати централниот дел на екранот за вклучување
на екранот. Допрете двапати на статусната лента, на празен дел од
почетниот екран или на Екранот за заклучување за да го исклучите
екранот. За најдобри резултати, немојте да го преместувате телефонот
додека ја користите функцијата "Вклучи екран".
Одговор на дојдовен повик – Штиклирајте за да овозможите
автоматски одговор на дојдовен повик преку поставување на телефонот
до увото.
Постепено намали звук при ѕвонење – Штиклирајте за да овозможите
со земање на телефонот од рамна површина да се придуши тонот за
ѕвонење на влезниот повик.