Owners manual
119
Тон за ѕвонење со вибрации – Штиклирајте за да поставите вибрирање
на телефонот заедно со тонот за ѕвонење при примање на повици.
Говорни известувања – Допрете го преклопникот Говорни
известувања за префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата
Вклучено овозможува вашиот телефон автоматски да ве известува при
влезни повици и пораки.
Звуци за известување – Ви овозможува поставување на звуци за
известување. Исто така, можете да додадете звуци преку допирање на
во горниот десен агол на екранот.
Повратна информација при допир и систем – Ви овозможува
поставување на повратна информација (тонови и/или вибрации) при
користење на уредот.
Екран
< Почетен екран >
Поставете Тема, Слика за заднина, Ефект на повлекување на екран,
Дозволи кружење на почетниот екран или Само вертикален приказ.
Архивирање и враќање на почетна страница – Можете да архивирате
и враќате апликации/widget-и со нивните изгледи и теми.
Помош – Допрете за да погледнете информации за помош на почетниот
екран.
< Заклучен екран >
Изберете заклучување на екран – Поставете тип на заклучување
на екранот за поголема безбедност на телефонот. Ќе се прикажат
неколку екрани кои ќе ве поведат низ постапката за исцртување облик
за отклучување на екранот. Поставете Ништо, Брзо повлекување,
Отклучување со лице, Облик, PIN или Лозинка.