Owners manual

116
Поставки
За вклучување или исклучување на NFC: На почетниот екран, со
прстот допрете и повлечете го панелот за известувања надолу, а потоа
изберете ја иконата NFC за да извршите вклучување.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога е активиран режимот на работа во авион, NFC апликацијата
може да се користи.
Користење на NFC: За користење на NFC, водете сметка уредот да
биде вклучен и активирајте NFC доколку е оневозможено.
Direct/Android Beam – Кога е вклучена оваа функција, ќе можете да
проследувате содржини на апликација кон друг уред со NFC можности
преку меѓусебно приближување на уредите.
Едноставно доближете ги уредите еден до друг (типично со задните
страни) и потоа допрете го вашиот екран. Апликацијата ќе одреди што ќе
биде проследувано.
SmartShare Beam – Овозможува примање на фајлови од LG телефони.
Miracast – Безжично пресликувајте го екранот и звукот од телефонот на
Miracast примопредавател или телевизор.
Безжична меморија – Можете да управувате со фајловите на телефонот
преку компјутерот или да копирате фајлови од компјутерот кон
телефонот без USB врска. По вклучувањето на безжичната меморија,
погрижете се телефонот и компјутерот да бидат поврзани на истата
мрежа. Потоа, во лентата за веб адреса на пребарувачот од компјутерот
внесете ги веб адресите кои се прикажани на телефонот.