Owners manual
93
• Пренос на фајлови (од мобилен телефон на PC): префрлување на
фајлови од вашиот мобилен телефон (на пр. фотографии, видео, музика
и Polaris Office фајлови) кон вашиот PC. Едноставно кликнете со десното
копче на фајлот кој сакате да го испратите на PC и кликнете на "Зачувај
на PC".
• Пренос на фајлови (од PC на мобилен телефон): Испраќање на фајлови
од вашиот PC кон вашиот мобилен телефон. Едноставно изберете ги
фајловите кои сакате да ги префрлите и повлечете ги во прозорецот
на програмата On-Screen Phone. Фајловите кои ќе ги испратите ќе се
зачуваат на внатрешната SD картичка.
• Известувања за настаните во реално време: се прикажуваат појавувачки
прозорци да ве информираат за влезните повици или текстуалните/
мултимедијалните пораки.
Како да ја инсталирате програмата On-Screen Phone на
вашиот PC
1 Посетете ја главната страница на LG (www.lg.com) и изберете ја
вашата земја.
2 Одете на Support (Поддршка) > Mobile Phone Support (Поддршка за
мобилни телефони) > изберете го моделот (LG-D802) > кликнете OSP
( On-Screen Phone ) за превземање. Потоа ќе можете да ја инсталирате
програмата On-Screen Phone на вашиот PC.