Owners manual
89
4 Користете го VuTalk екранот за муабетење и визуелна комуникација
со вашиот пријател.
• Допрете за да прикачите фотографија, за да снимите нова
фотографија, преглед на мапа или лепенка.
• Допрете ја иконата Пенкало и иконата Гума за да пишувате на
прикачените слики.
5 Кога ќе завршите со VuTalk, допрете за да излезете од функцијата
VuTalk.
Креираниот VuTalk екран ќе се зачува во апликацијата Бележник.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако допрете и се вратите на почетниот екран, функцијата
VuTalk сè уште ќе работи во заднина.
Voice Mate
Voice Mate овозможува интеракција со вашите уреди без користење
на рацете. Може да побарате Voice Mate да извршува функции на
телефонот со помош на вашиот глас, како на пр. повикување на контакт,
поставување на аларм или пребарување на интернет. Кога пристапувате
до оваа функција за првпат, ќе бидат прикажани информации за помош
со цел да научите како да ја користите функцијата.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Функцијата Voice Mate можете да ја користите откако ќе ги прифатите
Договорот за лиценца со крајниот корисник и Политиката за приватност.
• Можете да погледнете примери од различни наредби преку повлекување
налево на главниот екран на Voice Mate.
• Исто така, можете да активирате Voice Mate со помош функцијата за брз
пристап.