Owners manual
15
Избегнете оштетување на слухот
За спречување на можното оштетување на слухот, немојте да слушате
со голема јачина на звук подолги периоди.
Доколку подолг период бидете изложени на гласен звук, може да
настане оштетување на вашиот слух. Ви препорачуваме вклучувањето и
исклучувањето на апаратот да не го вршите блиску до вашето уво. Исто
така ви препорачуваме јачината на звукот кај музиката и повиците да ја
одржувате на разумно ниво.
• Кога користите слушалки, намалете ја јачината на звукот ако не можете
да го слушате зборувањето на луѓето во ваша близина, или ако лицето
кое седи до вас може да го чуе она што го слушате.
ЗАБЕЛЕШКА: Преголемиот звучен притисок од слушалките за во уши и
слушалките за на глава може да предизвика оштетување на слухот
Стаклени делови
Некои делови на мобилниот телефон се изработени од стакло. Стаклото
може да се скрши доколку мобилниот телефон падне на тврда површина
или прими силен удар. Доколку стаклото се скрши, не допирајте го и не
обидувајте се да го отстраните. Не употребувајте го мобилниот телефон
додека стаклото не биде заменето од страна на овластен сервисер.
Подрачје на минирање
Не употребувајте го телефонот додека во тек е минирање. Придржувајте
се на ограничувањата и следете ги прописите или правилата.