Owners manual
10
FCC (Федерална комисија за комуникации) SAR
(специфична апсорпциона стапка) информации
Вашиот мобилен телефон исто така е дизајниран за да ги задоволи
барањата за дозволено изложување на радиобранови воспоставени од
Федералната комисија за комуникации (САД) и Industry Canada.
Според овие барања ограничувањето на SAR изнесува 1,6 W/kg во
просек на 1 грам ткиво. Највисоката вредност на SAR пријавена под овој
стандард во текот на сертификацијата на производот при поставување
на уво изнесува 0.97 W/kg, а при правилна поставеност на тело изнесува
0.78 W/kg.
Дополнително, овој уред е тестиран за типични услови на носење при
што задната страна од телефонот е оддалечена 1 cm (0,39 инчи) од телото
на корисникот.
За задоволување на FCC RF барањата за изложеност, потребно е да се
одржува минимално растојание од 1 cm (0,39 инчи) помеѓу телото на
корисникот и задната страна од телефонот.
* FCC известување и предупредување
Известување!
Овој уред е во согласност со членот 15 од FCC правилата.
Функционирањето подлежи на следните два услови:
(1) Овој уред не може да предизвикува штетни пречки и
(2) Овој уред мора да ги прими сите пречки на кои ќе биде изложен,
вклучувајќи ги и оние кои можат да предизвикаат непожелно
функционирање.
Внимание!
Промените или преправките кои производителот ги нема јасно одобрено
можат да го поништат овластувањето на корисникот за употреба на
опремата.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење