Operation Manual

Македонски | 181
Bosch Power Tools 1 609 92A 0G8 | (24.2.14)
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2011/65/EU,
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
04.02.2014
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности на производот се дадени во табелата
на страна 243244.
Вкупните вредности на бучава и вибрации (векторски
збир на трите правци) се дадени во согласност со
EN 60745.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа и користење
Следната табела ја прикажува постапката при монтажа и работа со електричниот апарат. Упатствата за користењето се
прикажани на дадената слика. Во зависност од видот на примената, потребни се различни комбинации на упатства.
Внимавајте на безбедносните напомени.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
Цел на користењето Слика Внимавајте Страна
Подготовка за брусењето 1 245 – 246
Подготовка за сечење 2 247 – 248
Подготовка за сечење камен и
плочки (препорака)
3 249 – 250
Подготовка за брусење со
хауба за вшмукување
4 251 – 252
30°
OBJ_BUCH-2131-001.book Page 181 Monday, February 24, 2014 10:47 AM