User Manual

Table Of Contents
Македонски | 295
Аголна брусилка GWX 18V-15 C GWX 18V-15 SC
Bluetooth
®
Bluetooth
®
4.2
(Low Energy)
E)
Bluetooth
®
4.2
(Low Energy)
E)
Растојание на сигналот s 8 8
Максимален опсег на сигналот
F)
m 30 30
A) Номинален број на вртежи според нормата EN 60745-2-3
B) мерено при 20–25°C со батерија ProCORE18V8.0Ah и зависно од состојбата на наполнетост на батеријата како и оперативната
температура на уредот
C) во зависност од употребената батерија
D) ограничена јачина при температури <0 °C
E) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth
®
Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile
(GAP).
F) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, вклучително и приемникот што се употребува. Во
затворените простории и со метални бариери (на пр. ѕидови, регали, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се
намали.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: 90 dB(A); ниво на звучна јачина 101
dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN60745-2-3:
Брусење на површини (груба обработка):
a
h
=6,0 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
,
Брусење со брусен лист:
a
h
=2,5 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Активирање на

® Low Energy модул
GCY42 (опрема)
Напомена: Кај електрични алати GWX18V-15C Bluetooth
® Low Energy модулот GCY42 е достапен како опрема; кај
електричните алати GWX18V-15SC е содржан во обемот
на испорака.
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (7) има два степена на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (8).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5RL | (19.06.2020)