User manual

220 | Македонски
F 016 L81 308 | (21.9.15) Bosch Power Tools
Краток спој меѓу двата пола може
да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може
да истече течноста од батеријата.
Избегнувајте контакт со неа.
Доколку случајно дојдете во
контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста
дојде во контакт со очите,
побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата
може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата
или не се користи правилно, од
неа може да излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку
има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги
надразни дишните патишта.
Батеријата полнете ја само со
полначи препорачани од Bosch.
Полнач што е погоден за полнење
на еден вид батерии може да
предизвика пожар кога се користи
за полнење на некој друг,
несоодветен вид на батерии.
Користете батерии кои се
соодветни на Вашиот производ
од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно
преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од
острите предмети како на пр.
клинци или шрафцигер или
надворешно влијание. Може да
дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали,
пушти чад, експлодира или да се
прегрее.
Не предизвикувајте краток спој
на батеријата. Инаку, постои
опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и
вода.
Складирајте ја батеријата во
граници на температура од –20 °C
до 50 °C. не ја оставајте батеријата
на пр. во автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за
проветрување на батеријата со
мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе
ги проучите сите функции и може да
ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги
добиете потребните упатства.
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
OBJ_BUCH-1981-004.book Page 220 Monday, September 21, 2015 8:23 AM