User Manual

169
Сите компоненти поправени или заменети од сервисен центар на ASUS ќе бидат
под гаранција до крајот на преостанатиот гарантен рок но не помалку од 3
месеци.
Ако Производот е под Гаранција, се согласувате да го пренесете сопствеништвото
над заменетите неисправни делови и таквите делови да станат сопственост на
ASUS автоматски.
2. Софтверска поддршка
Во комплет со самиот производ доаѓа и софтверот. АSUS не гарантира за
исправното функционирање на било кој софтвер испорацан заедно со
Производот.
Хардверот на Производот е опфатен со оваа гаранција: ASUS ќе обезбеди
техничка поддршка за претходно инсталираниот софтвер на Производот само
кога е неопходна за правилно функционирање на хардверот. За други проблеми
со софтверот, Ве советуваме да ги разгледате прирачниците за употреба, веб-
локацијата на ASUS за поддршка и/или други извори на интернет. За софтверот на
трети страни може да биде потребна поддршка од продавачите на тој софтвер.
3. Одговорност на клиентот
При користење на Производот
Најпрво прочитајте го прирачникот за употреба и користете го Производот
единствено според прирачникот за употреба.
Не отстранувајте го термичкиот модул, повторното склопување на
термичкиот модул може да предизвика дефект кај контактот и да ги оштети
компонентите.
Ако барате решение за одреден проблем, проверете во прирачникот
за употреба и посетете ја веб-локацијата на ASUS за поддршка пред да
контактирате со службата за грижа за корисници.
Адресата за е-пошта за техничка поддршка може да се најде на
https://www.asus.com/support
4. Гарантна услуга
Одете кај Продавачот каде сте го купиле производот за да ја добиете оваа
гаранција од ASUS.