User manual
117
МАКЕДОНСКИ
5. КОНТРОЛИ
Аспираторот се испорачува со командна
табла со регулатор на брзините на
издувување и регулатор за осветлението
над плочата од шпоретот.
Користете ја најголемата брзина во
случај на невообичаена концентрација
на пареи во кујната. Ви препорачуваме
да го вклучите издувувањето 5 минути
пред да започнете со готвењето и да го
оставите да работи околу 15 минути по
завршување на готвењето.
1 ON/OFF светла
2 OFF мотори
3 Моќ на всмукување минимална
4 Моќ на всмукување средна
5 Моќ на всмукување максимална
6. ЕДИНИЦА ЗА
ОСВЕТЛУВАЊЕ
Исклучете го уредот од струјното
напојување.
Предупредување! Пред да ги
допрете сијаличките проверете дали
се изладени.
Користете само халогенски сијалици од
12V -20W max - G4, имајќи во предвид да
не ги допирате со рацете.
X08155BV-X
Аспираторот е опремен со систем за
осветлување базиран на технологијата
на LED диода.
LED светилките гарантираат оптимално
осветлување, имаат околу 10 пати
подолг век од традиционалните светилки
и овозможуваат заштеда на електрична
енергија и до 90%.
Внимание! Не гледајте директно во
LED светлото.
За замена на сијалиците, контактирајте
го овластениот центар за резервни
делови.