User Guide

68 69
SMT 355 (110 V) SMT 355 (220-240 V)
.......................1800 W .........................2300 W
.......................3800 min
-1
.....................3800 min
-1
.........................355 mm ........................355 mm
........................25,4 mm .......................25,4 mm
........................16,5 kg ..........................16,5 kg
...........................89 dB (A) ......................89 dB (A)
.........................102 dB (A) ....................102 dB (A)
.......................< 2,5 m/s
2
......................< 2,5 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
.........................1,5 m/s
2
При сечење метали доаѓа до појава на искри.
Внимавајте на тоа, да не бидат загрозени луѓе. Поради
опасноста од пожар, во близина не смеат да се наоѓаат
запаливи материјали (подрачје на искри). Не
употребувајте уреди за всмукување прашина.
Не употребувајте оштетени циркуларни дискови. Пред
секоја употреба извршете контрола на циркуларниот
диск по однос на пукнатини и процепи, како и на
тркалото на дискот по однос на пункатини, абење или
значителна искористеност.
По исклучување на машината таа не преминува веднаш
во состојба на мирување (накнадно движење на
циркуларниот диск). По исклучувањето сочекајте
циркуларниот диск да постигне состојба на мирување .
Избегнувајте блокирање на циркуларниот диск или
премногу висок притисок на допир.
Доколку циркуларниот диск заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
сочекајте додека дискот да постигне состојба на
мирување. Никогаш не се обидувајте од материјалот за
обработка да извлечете диск што врти, во спротивно
може да дојде до повратен удар. Испитајте и отстранете
ја причината за заглавувањето.
Никогаш не го вклучувајте повторно електро-алатот,
додека се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
циркуларниот диск да го достигне својот целосен број на
вртежи, пред внимателно да продолжите со сечењето.
Во спротивно дискот може да се заглави, да излета од
материјалот за обработка или да предизвика повратен
удар.
Материјалот за обработка мора да биде цврсто стегнат.
Редовно чистете ги отворите за воздух на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина
во куќиштето, а значителното насобирање на метална
прашина може да предизвика електрична опасност.
Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на
пример прицврстување на работната маса).
Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Брусилката за сечење е наменета за прилагодување на
должината на метални профили, метални цевки и
метални шипки. Оваа машина не е намената за
обработка на дрво.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој
производ е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи. EN 61029, EN 55014-1, EN
55014-2, и е во согласност со прописите 2006/42/EC,
2004/108/EC.
Winnenden, 2010-05-18
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така
и поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само AEG додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: AEG Elektrowerkzeuge,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Секогаш пред спроведување на каков и
да е зафат врз машината исклучете го
кабелот од приклучокот.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на
својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани
за струја преку направата за поврзување (FI, RCD,
PRCD).
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита од
прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се
лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Секогаш користете заститен штит на машината.
Никогаш не ја употребувајте брусилката за сечење за
сечење на други материјали од оние што се наведени во
Упатството за употреба.
Транспортирајте ја брусилката за сечење само со
„легнат“ осигурувач за транспорт на рачката.
Употребувајте ја брусилката за сечење само со сигурно
функционален и одржуван заштитен капак. Заштитниот
капак мора да се отклонува назад самостојно.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да
се почне со работа со машината.
Не употребувајте циркуларни дискови што се оштетени
или деформирани.
Секогаш употребувајте и чувајте ги циркуларните
дискови согласно податоците на производителот.
Употребувајте само циркуларни дискови што се
одобрени за вашиот електро-алат како и за него
предвидениот заштитен капак. Телата за мазнење што
не се предвидени за овој електро-алат не пружаат
доволна заштита и не се безбедни.
Не употребувајте ланци ниту забести дискови за сечење.
Таквите алати честопати предизвикуваат повратен удар
или губење на контролата над електро-алатот.
Секогаш употребувајте го заштитниот капак. Заштитниот
капак мора да биде наместен и наштелуван на
електро-алатот така, што ќе се постигне највисоко ниво
на безбедност, тоа значи најмал дел од циркуларниот
диск се појавува отворен кон корисникот. Заштитниот
капак треба да го заштити корисникот од парчиња и од
случаен контакт со телото за мазнење и сечење.
Дисковите за сечење и фланшите мораат точно да
одговараат на вретеното за сечење на вашиот
електро-алат.
Проверувајте ги циркуларните дискови пред употреба.
Дискот мора да биде беспрекорно монтиран и треба да
може да се движи слободно. Извршете пробна работа
од најмалку 30 секунди без оптоварување. Не
употребувајте оштетени, нерамни или вибрирачки
дискови за сечење.
Секогаш употребувајте неоштетени тркалести фланши
со соодветна големина и форма за избраниот
циркуларен диск. Соодветните фланши го потпираат
циркуларниот диск, со што ја намалуваат опаснста од
кршење на дискот.
МАКЕДОНСКИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Ножица
Определен внес ....................................................................
Брзина без оптоварување ....................................................
Циркуларен диск-ø ................................................................
Дупка за ø на циркуларниот диск ........................................
Тежина без кабел ..................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Èçìåðåíèòå âðåäíîñòè ñå îäðåäåíè ñîãëàñíî
ñòàíäàðäîò EN 60 745.
A-îöåíåòîòî íèâî íà áó÷àâà íà àïàðàòîò òèïè÷íî èçíåñóâà:
Íèâî íà јà÷èíà íà çâóê.
(K = 3 dB(A))
............................
Íèâî íà çâó÷åí ïðèòèñîê.
(K = 3 dB(A))
.........................
Носте штитник за уши.
Вêóïíè âèáðàöèñêè âðåäíîñòè (âåêòîðñêè çáèð íà
òðèòå íàñîêè) ïðåñìåòàíè ñîãëàñíî EN 60745.
Вèáðàöèñêà åìèñèîíà âðåäíîñò a
h
.............................
Íåñèãóðíîñò К= ..........................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во
EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за
привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.