User manual

17.3 Влакненца во
ткаенините
За време на фазата за перење и/или
сушење, некои типови ткаенини
(сунѓер, волна, блузони) може да
испуштат влакненца.
Испуштените влакненца можат да се
залепат на ткаенините за време на
следниот циклус.
Овој недостаток е позастапен кај
техничките ткаенини.
За да спречите лепење на
влакненцата на вашите алишта, ви
препорачуваме:
Да не се перат темни ткаенини
откако сте переле и сушеле светло
обоени ткаенини (пешкир за раце,
волна, блузони) и обратно.
Овие видови ткаенини да се сушат
на воздух по првото перење.
Да се чисти одводниот филтер.
По фазата на сушење, исчистете го
празниот барабан, дихтунгот и
вратата со влажна крпа.
За да ги отстраните влакненцата од
внатрешноста на барабанот,
поставете специјална програма:
Проверете дали барабанот е
празен.
Исчистете ги барабанот, дихтунгот
и вратата со влажна крпа.
Притиснете го копчето "O" (искл.)
неколку секунди за да ја вклучите
машината.
Поставете ја програмата
Машинско чистење.
Притиснете го копчето Режим два
пати за да ја вклучите функциката
за сушење.
Допрете го копчето Почеток/Пауза
за да започне програмата.
Ако апаратот често се
користи, пуштајте ја
редовно програмата.
17.4 Итно отварање на
врата
Во случај на прекин на електричната
енергија или прекинување на работата
на апаратот вратата останува
заклучена. Програмата за перење
продолжува со повторното
вклучување на електричната енергија.
Ако вратата остане заклучена во
случај на дефект, можно е да ја
отворите со помош на функцијата за
итно отклучување.
Пред да ја отворите вратата:
ВНИМАНИЕ!
Ризик од изгореници!
Проверете дали
температурата на водата
е многу висока и дали
алиштата се жешки. Ако е
потребно, почекајте да се
изладат.
ВНИМАНИЕ!
Ризик од повреда!
Проверете дали
барабанот врти. Ако е
потребно, почекајте
барабанот да престане
да се врти.
Проверете дали нивото
на вода во барабанот е
многу високо. Ако е
потребно, продолжете со
итно цедење (видете во
«Итно цедење' во
поглавјето» «Нега и
чистење»).
За да ја отворите вратата, постапете
на следниов начин:
1. Притиснете на копчето "O" (искл.)
за да го исклучите апаратот.
2. Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
3. Отворете го капакот на филтерот.
4. Повлечете го двапати чкрапалото
за итно отклучување надолу и
отворете ја вратата на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 59