User manual

Апаратот се загрева во внатрешноста при работа.
Не допирајте ги греачите кои се во апаратот.
Секогаш користете ракавици за рерна за вадење
или ставање прибор или огноотпорни садови.
Не користете чистач на пареа за чистење на
уредот.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот од
струја.
Не користете силно абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на
вратата бидејќи тоа може да предизвика прскање
на стаклото.
Користете го само сензорот за температура во
средината препорачан за овој апарат.
За да ги извадите држачите на решетките
повлечете го предниот дел од држачот, а потоа
задниот крај настрана од страничните ѕидови.
Монтирајте ги држачите на решетките по обратен
редослед.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен претставник или слично
квалификувани лица за да се избегне опасност.
Пред да ја менувате сијалицата во рерната,
уверете се дека уредот е исклучен, за да ја
избегнете можноста од струен удар.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде
монтиран само од
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не
користете оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
Бидете внимателни кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Не влечете го апаратот за рачката.
4
www.aeg.com