Recipe Book

Печење на швед. начин
Состојки:
200 g сушени сливи
•150 ml бело вино
1,5 kg свинска слабина или телешки грб
(без коски)
1 кромид со средна големина
•јаболко
сол, црн пипер и црвен пипер
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино околу 2
часа. Исплакнете го кратко месото со вода,
потоа исушете го. Исечете зарези во долната
страна на месото и забодете слива во секој
зарез туркајќи ги колку што може да одат во
месото. Зачинете го месото и ставете го во
плех за печење со страната без сливи
свртена нагоре. Излушете го кромидот и
јаболкото, исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го остатокот од
виното во кое се киснаа сливите до четвртина
литар со вода и сипете го врз печењето.
Гарнир што одговара се крокети, потпечен
компир, брокула или слично.
Време во апаратот: 60
Позиција на решетката: 1
ГОВЕДСКО/ДИВЕЧ/ЈАГНЕШКО
Печено говедско месо
Поставки:
Автоматски сензор на температурата на
средината Температура во средината за:
Полуживо - 48 °C
Средно - 58 °C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете го
сензорот за температурата на средината и
ставете го во огноотпорен сад.
Позиција на решетката: 1
Скандинавско говедско
Поставки:
Автоматски сензор на температурата на
средината Температура во средината за:
Полуживо - 50 °C
Средно - 65°C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете го
сензорот за температурата на средината и
ставете го во огноотпорен сад.
Позиција на решетката: 1
Динстано месо
Не користете ја оваа програма за
говедско печено и за јадења
подготвени од плешка.
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 1000 до 3000 г.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност. Долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 20 мм течност. Покријте
го со капак.
Позиција на решетката: 1
Маринирано говедско
За подготвување на маринадата:
1 л вода
500 мл вински оцет
2 кафени лажички сол
15 зрна црн пипер
15 зрна боровинки
5 ловорови листа
2 снопчиња зеленчук за супа (морков, праз,
целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се оладат.
1,5 kg парче говедско
Истурете ја маринадата врз говедското да
го прекрие и оставете го да се маринира 5
дена.
Состојки за печењето:
•сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
Метод:
Извадете го парчето говедско од маринадата
и исушете го. Зачинете со сол и црн пипер и
запржете го од сите страни во тавче, па
додадете малку супа од зеленчук од
маринадата.
МАКЕДОНСКИ 5