User manual
4.20 функција Управување
со енергијата
• Ринглите се групирани според
местото и бројот на фазите на
површината за готвење. Видете ја
сликата.
• Секоја фаза има максимално
електрично напојување од 3700 W.
• Функцијата ја распределува
моќноста помеѓу ринглите поврзани
со истата фаза.
• Функцијата се активира кога
целосното електрично напојување
на ринглите поврзано со една фаза
надминува 3700 W.
• Функцијата ја намалува моќноста на
другите рингли поврзани со истата
фаза.
• Поставката за јачина за
намалените рингли се менува меѓу
двете нивоа.
• За флексибилната рингла може да
користите до три тенџериња. Ако
максималното полнење за фазата е
надминато се вклучува функцијата.
Вклучувањето на функцијата
зависи од големината и бројот на
садот за готвење. Функцијата ја
намалува поставката за топлина за
тенџерињата на највисока можна за
фазата. Симболот за рингла
станува сив и поставката за
топлина се менува меѓу две нивоа.
Се појавува стрелка која покажува
надолу во симболот за рингла. Ако
не го смените бројот на тенџериња
на флексибилната рингла после
една минута ќе биде поставена
пониската поставка за ова готвење.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Садови за готвење
Кај индукциските рингли се
создава силно електро-
магнетно поле кое создава
топлина во садот многу
брзо.
Користете ги индукциските
рингли со соодветни
садови за готвење.
Материјал за садови за готвење
• правилно: лиено железо,
емајлиран челик, не’рѓосувачки
челик, дно направено од повеќе
слоеви (со правилна ознака од
производителот).
• непогодни: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика,
порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако:
• мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока поставка за јачина на
топлината.
• магнетот го привлекува дното на
садот.
Дното на садовите за
готвење треба да е што е
можно подебело и
порамно.
Димензии на садовите за готвење
Индукциските рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на
дното на садовите за готвење, до
одредена граница.
Ефикасноста на ринглата е поврзана
со дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со помал дијаметар
којшто е помал од минималниот
добива само дел од енергијата
којашто ја испушта ринглата.
МАКЕДОНСКИ 39