User manual

6.2 Дијаметри на садовите
за готвење
Користете само садови за
готвење со дијаметар кој
одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Дијаметар на
садови за
готвење (mm)
Повеќе круни 180 - 260
Пламеник Дијаметар на
садови за
готвење (mm)
Полу-брзо 120 - 240
Помошно 80 - 180
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Општи информации
Чистете ja површината за готвење
по секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз
работата на површината за
готвење.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
Не’рѓосувачки челик
Измијте ги деловите од
не’рѓосувачки челик со вода, а
потоа избришете ги со мека крпа.
За да ја отстраните загорената
храна, мрснотијата и тврдокорните
дамки, оставете ги да киснат во
мала количина благ детергент
неколку минути пред чистењето.
Користете производи за чистење
посебно наменети за чистење
не'рѓосувачки челик за да ги
заштитите челичните површини.
Не користете производи за чистење
што содржат корозивни хемикалии,
какви што се хлориди, не чистете ја
површината дезинфициенси,
средства за отстранување дамки
или 'рѓа и средства за чистење со
потопување.
7.2 Држачи за садови
Држачите за садови не се
отпорни на миење во
машина за миење садови.
Тие мора да се мијат
рачно.
1. За полесно чистење на
површината за готвење, можете да
ги извадите држачите за садови.
Бидете многу
внимателни при
враќањето на држачите
за садови за да
спречите оштетување
на горниот дел на
површината за
готвење.
2. Облогата од емајл понекогаш
може да има остри рабови, па
бидете внимателни кога ги миете и
бришете држачите за садови. Ако
е потребно, отстранете ги
тврдокорните дамки со крем-
детергент.
3. Откако ќе ги исчистите држачите
за садови, проверете дали се
наместени на точната положба.
4. За да работат пламениците
правилно, погрижете се рачките на
држачите за садови да бидат
порамнети со центарот на
пламеникот.
МАКЕДОНСКИ 33