User manual

Готвењето на површина за готвење со маст или
масло без надзор може да биде опасно и да
доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со
капак или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви,
виљушки, лажици и капаци, не треба да се
оставаат на површината за готвење бидејќи може
да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен претставник или слично
квалификувани лица за да се избегне опасност.
Кога апаратот е директно приклучен на електрично
напојување, има потреба од четири-полен
изолиран прекинувач со спојница. Комплетно
исклучување во согласност со условите наведени
во категоријата за прекумерна волтажа III мора да
биде загарантирано. Кабелот за заземјување не
подлежи на ова.
Кога ќе го поврзувате кабелот внимавајте кабелот
да не доаѓа во директен контакт (на пример
користење на заштитна изолација) со делови кои
достигнуваат температури поголеми за 50°C од
собната температура.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
МАКЕДОНСКИ 19