User manual

2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да го монтира
само квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух.
Дното на апаратот може да стане
жешко. Ви препорачуваме да
монтирате незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Сите поврзувања на струјата мора
да бидат направени од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина
Бидете сигурни дека апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Бидете сигурни дека е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го заменат
оштетениот кабел за струја.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
Поврзување на гас
Секое поврзување на гас треба да
биде направено од квалификувано
лице.
Пред монтирањето, уверете се дека
локалните комунални услуги (видот
на гасот и притисокот) одговараат
на барањата за приклучување на
апаратот.
Овозможете кружење на воздух
околу апаратот.
Информациите за доводот на гас се
на плочката со податоци.
Овој апарат не смее да се поврзува
со уред кој служи за евакуација на
запаливи производи. Овозможете
поврзување на апаратот според
34
www.aeg.com