User manual

7. Повторно сколопете ги филтрите
(B) и (C).
8. Вратете го филтерот (B) во
рамниот филтер (A). Свртете го во
насока на стрелките на часовникот
додека не се заклучи.
ВНИМАНИЕ!
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
11.2 Чистење на горната
прскалка
Ви препорачуваме да ја чистите
редовно горната прскалка за да
избегнете нечистотијата да ги затнува
дупките.
Затнатите дупки може да
предизвикуваат незадоволителни
резултати при миењето.
1. Извлечете ја горната корпа
целосно.
2. За да ја извадите прскалката од
корпата, притиснете ја прскалката
нагоре и истовремено свртете ја
надесно.
3. Измијте ја прскалката под чешма.
Употребете тенок остар алат, на
пр. чепкалка за да ги извадите
делчињата нечистотија од дупките.
4. За да ја ставите прскалката назад,
притиснете ја прскалката нагоре и
истовремено свртете ја налево се
додека не дојде на свое место.
11.3 Надворешно чистење
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
Користете само неутрални
детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
МАКЕДОНСКИ 21