User manual

Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдост на
водата во положба 1 или 2.
Електронско приспособување
Отворете го менито за опции и,
според табелата за тврдост на
водата, поставете го нивото на
омекнувачот за вода. Видете во
табелата на менито за опции.
6.2 Полнење на садот за сол
1.
Свртете го капачето налево и
отворете го садот за сол.
2.
Ставете 1 литар вода во садот за
сол (само првиот пат).
3.
Наполнете го садот за сол со сол
за машини за миење садови.
4.
Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
5.
Свртете го капачето надесно за да
го затворите садот за сол.
ВНИМАНИЕ
Вода и сол може да излезат од
садот за сол кога го полните.
Постои ризик од корозија. За
да го спречите, откако ќе го
наполните садот со сол,
стартувајте програма.
На екранот се прикажува
порака кога е потребно
повторно да се наполни садот
за сол. Пораката е исклучена
додека работи програма.
МАКЕДОНСКИ 13