User manual
Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги
упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
• Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
• Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
• Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство
и за други слични примени, како на пр.:
– фарми; кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
– од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместување на база спиење со појадок и друг
вид на сместувачки објекти.
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Водениот притисок кој што е во употреба
(минимален и максимален) мора да биде помеѓу
0.5 (0.05) / 8 (0.8) bar (Mpa)
• Исполнете го максималниот број на 13 поставки за
маса.
МАКЕДОНСКИ 3